Министерство за образование и наука на Република Северна Македонија

  / Вести и настани / В.д. деканот на ПМФ Мирчески: Очекувам наши професори да бидат вклучени во изготвувањето на целокупната идеја за реформите

В.д. деканот на ПМФ Мирчески: Очекувам наши професори да бидат вклучени во изготвувањето на целокупната идеја за реформите

 

В.д. деканот на ПМФ Мирчески: Очекувам наши професори да бидат вклучени во изготвувањето на целокупната идеја за реформите

 

В.д. деканот на природно- математичкиот факултет во Скопје, проф. д-р Валентин Мирчески, одговарајќи на новинарско прашање за нацрт концепцијата за основно образование вели дека ова е секако период на дебата и таа дебата продолжува.

„Ние сме убедени дека министерството ќе прифати дел од предлозите коишто се веќе во пишани документи и дека ќе имплементира наши луѓе во изготвување на целокупната идеја во профилирање“, рече Мирчески. 

Мирчески посочи дека поимот интеграција на предмети му е познат на факултетот затоа што и тие имаат двопредметни студии.

„Поимот интеграција за ПМФ секако не е стран затоа што Факултетот е факултет за природни науки. Во оние наставни насоки коишто ги имаме за кадар во основното образование тие секако се двопрдметни студии, ние ги нарекуваме биологија-хемија, математика-физика, така да самиот поим на интегрирање и на меѓуресорска соработка за нас не е ништо ново. Во таа смисла дискусијата којашто се разви на факултетот, се разбира посебно од страна на наставниците одговорни за методика во соодветните дисциплини, таа не е дискусија која анблок го одбива предлогот. Секако, таа како дискусија на високи интелектуалци има критички тон и дека треба да се внимава со интензитетот на имплементација“, рече Мирчески.

 

 

[ понеделник, 04 јануари 2021 ] [ 0 ]

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar