Врз основа на член 33 став (2) и член 60 став (2) од Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 161/19), Министерството за образование и наука објавува
ЈАВЕН ПОВИК
до наставниците и стручните соработници во средните училишта за доставување на барања за напредување во звање наставник-ментор и стручен соработник-ментор
1. Јавниот повик се објавува согласно член 33 став (2) и член 60 став (2) од Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 161/19), а врз основа на Одлуката на Владата на Република Северна Македонија за давање на согласност за донесување на Решението за определување на бројот на наставници и стручни соработници во средните училишта кои можат да се стекнат со звања наставник-ментор, односно стручен соработник-ментор за секоја општина, односно градот Скопје („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 129/25) и Решението за определување на бројот на наставници и стручни соработници во средните училишта кои можат да се стекнат со звања наставник-ментор, односно стручен соработник-ментор за секоја општина, односно градот Скопје бр. 13-8017/1 од 10.6.2025 година.
2. Бројот на наставници и стручни соработници кои може да се стекнат со звање наставник-ментор, односно стручен соработник-ментор во средните училишта во секоја општина, односно Градот Скопје се определува, и тоа:
ред.бр. |
општина |
училиште |
број на наставници-ментори |
број на стручни соработници-ментори |
1 |
Берово |
ОСУ „Ацо Русковски“ |
1 |
1 |
2 |
Битола |
СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ |
1 |
2 |
3 |
Битола |
СОУ „Таки Даскало“ |
1 |
|
4 |
Битола |
СОЕУ „Јане Сандански“ |
1 |
|
5 |
Битола |
СОЗУ „Кузман Шапкарев“ |
1 |
|
6 |
Битола |
ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“ |
1 |
|
7 |
Битола |
ДСУРЦСОО „Ѓорѓи Наумов“ |
1 |
1 |
8 |
Битола |
Државно музичко училиште „Битола“ |
1 |
1 |
9 |
Богданци |
СОУ „Богданци“ |
1 |
1 |
10 |
Валандово |
СОУ „Гоце Делчев“ |
1 |
1 |
11 |
Велес |
СОУ Гимназија „Кочо Рацин“ |
1 |
1 |
12 |
Велес |
ОСУ „Јовче Тесличков“ |
1 |
|
13 |
Велес |
ССОУ „Димитрија Чуповски“ |
1 |
|
14 |
Велес |
ДСУРЦСОО „Коле Неделковски“ |
1 |
1 |
15 |
Виница |
СОУ „Ванчо Прке“ |
1 |
1 |
16 |
Врапчиште |
СОУ „Неготино“ |
1 |
1 |
17 |
Гевгелија |
СОУ „Јосиф Јосифовски“ |
1 |
1 |
18 |
Гостивар |
СОМУ „Гостивар“ |
1 |
2 |
19 |
Гостивар |
СОУ „Гостивар“ |
1 |
|
20 |
Гостивар |
ОСТУ „Гостивар“ |
2 |
|
21 |
Гостивар |
СЕОУ „Гостивар“ |
1 |
|
22 |
Град Скопје |
СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“ |
1 |
5 |
23 |
Град Скопје |
СУГС „Никола Карев“ |
2 |
|
24 |
Град Скопје |
СУГС Гимназија „Зеф Љуш Марку“ |
2 |
|
25 |
Град Скопје |
СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“ |
2 |
|
26 |
Град Скопје |
СУГС Гимназија „Орце Николов“ |
2 |
|
27 |
Град Скопје |
СУГС „Кочо Рацин“ |
1 |
|
28 |
Град Скопје |
СУГС „Панче Арсовски“ |
1 |
|
29 |
Град Скопје |
СУГС „Браќа Миладиновци“ |
1 |
|
30 |
Град Скопје |
СУГС „Георги Димитров“ |
2 |
|
31 |
Град Скопје |
СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“ |
2 |
|
32 |
Град Скопје |
СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“ |
2 |
|
33 |
Град Скопје |
СЕПУГС „Арсени Јовков“ |
1 |
|
34 |
Град Скопје |
СУГС „Цветан Димов“ |
2 |
|
35 |
Град Скопје |
СУГС „Лазар Танев“ |
1 |
|
36 |
Град Скопје |
СУГС „Марија Кири Склодовска“ |
2 |
|
37 |
Град Скопје |
СГГУГС „Здравко Цветковски“ |
2 |
|
38 |
Град Скопје |
СУГС „8 Септември“ |
1 |
|
39 |
Град Скопје |
СУГС „Владо Тасевски“ |
1 |
|
40 |
Град Скопје |
АСУЦ „Боро Петрушевски“ |
1 |
|
41 |
Град Скопје |
СУГС „Димитар Влахов“ |
1 |
|
42 |
Град Скопје |
СОУ „Сарај“ |
1 |
|
43 |
Град Скопје |
СОУ „Шаип Јусуф“ |
1 |
|
44 |
Скопје |
СУГС „Михајло Пупин“ |
1 |
|
45 |
Дебар |
СОУ „28 Ноември“ |
1 |
1 |
46 |
Делчево |
СОУ „Методија Митевски Брицо“ |
1 |
1 |
47 |
Демир Хисар |
СОУ „Крсте П.Мисирков“ |
1 |
1 |
48 |
Долнени |
СОУ „Преродба Рилиндја“ |
1 |
1 |
49 |
Илинден |
ССОУ „Илинден“ |
1 |
1 |
50 |
Кавадарци |
СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ |
1 |
1 |
51 |
Кавадарци |
СОУ „Киро Спанџов - Брко“ |
1 |
|
52 |
Кавадарци |
СОЗШУ „Ѓорче Петров“ |
1 |
|
53 |
Кичево |
ОСУ „Мирко Милевски“ |
1 |
1 |
54 |
Кичево |
ОСУ „Дрита“ |
1 |
|
55 |
Кочани |
СОУ „Љупчо Сантов“ |
1 |
1 |
56 |
Кочани |
СОУ „Ѓошо Викентиев“ |
1 |
|
57 |
Кратово |
СОУ „Митко Пенџуклиски“ |
1 |
1 |
58 |
Крива Паланка |
СОУ „Ѓорче Петров“ |
1 |
1 |
59 |
Крушево |
СОУ „Наум Наумовски Борче“ |
1 |
1 |
60 |
Куманово |
СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ |
1 |
2 |
61 |
Куманово |
СОУ Гимназија „Сами Фрашери“ |
1 |
|
62 |
Куманово |
СОУ „Перо Наков“ |
1 |
|
63 |
Куманово |
ОСТУ „Наце Буѓони“ |
2 |
|
64 |
Куманово |
ДСУ РЦСОО „Киро Бурназ“ |
1 |
1 |
65 |
Липково |
СОУ „Исмет Јашари“ |
1 |
1 |
66 |
Маврово и Ростуша |
СОУ „Маврово - Ростуше“ |
1 |
1 |
67 |
Македонска Каменица |
СОУ „Миле Јаневски Џингар“ |
1 |
1 |
68 |
Македонски Брод |
СОУ „Св.Наум Охридски“ |
1 |
1 |
69 |
Неготино |
СОУ „Св.Кирил и Методиј“ |
1 |
1 |
70 |
Охрид |
ОСУ „Св.Климент Охридски“ |
1 |
1 |
71 |
Охрид |
ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ |
1 |
|
72 |
Охрид |
ССОУ „Св.Кирил и Методиј“ |
1 |
|
73 |
Охрид |
ДСУ РЦСОО „Ванчо Питошески“ |
1 |
1 |
74 |
Прилеп |
СОУ „Мирче Ацев“ |
1 |
2 |
75 |
Прилеп |
СОУ „Ѓорче Петров“ |
1 |
|
76 |
Прилеп |
СОУ „Орде Чопела“ |
1 |
|
77 |
Прилеп |
СОУ „Кузман Јосифоски Питу“ |
1 |
|
78 |
Прилеп |
СОУ „Ристе Ристески - Ричко“ |
1 |
|
79 |
Пробиштип |
СОУ „Наум Наумовски -Борче“ |
1 |
1 |
80 |
Радовиш |
СОУ „Коста Сусинов“ |
1 |
1 |
81 |
Ресен |
СОУ „Цар Самоил“ |
1 |
1 |
82 |
Свети Николе |
СОУ „Кочо Рацин“ |
1 |
1 |
83 |
Скопје |
ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ |
1 |
1 |
84 |
Скопје |
ДСУПУ „Лазар Личеновски“ |
1 |
1 |
85 |
Скопје |
ДУФК „Методија Митевски Брицо“ |
1 |
1 |
86 |
Скопје |
ДУРДМОВ „Димитар Влахов“ |
1 |
1 |
87 |
Скопје |
ДСУ „Св. Наум Охридски“ |
1 |
1 |
88 |
Скопје |
ДУЦОР “Партенија Зoграфски“ |
1 |
1 |
89 |
Скопје |
ДСУ „Спортска академија“ |
1 |
1 |
90 |
Струга |
СОУ „Нико Нестор“ |
2 |
1 |
91 |
Струга |
СОУ Гимназија „Д-р Ибрахим Темо“ |
1 |
|
92 |
Струмица |
СОУ „Јане Сандански“ |
1 |
1 |
93 |
Струмица |
СОУ „Димитар Влахов“ |
1 |
|
94 |
Струмица |
ДСУ РЦСОО „Никола Карев“ |
1 |
1 |
95 |
Тетово |
СОУ Гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ |
2 |
2 |
96 |
Тетово |
ОСЕУ „8 Септември“ |
2 |
|
97 |
Тетово |
СОУ Гимназија „7 Март“ |
|
|
98 |
Тетово |
СОУ „Никола Штејн“ |
2 |
|
199 |
Тетово |
СОТУ „Ѓоце Стојчески“ |
1 |
|
100 |
Тетово |
ДСУ РЦСОО „Moша Пијаде“ |
1 |
1 |
101 |
Тетово |
ДМУ „Тодор Скаловски -Тетоец“ |
1 |
1 |
102 |
Центар Жупа |
СОУ „АТА“ |
1 |
1 |
103 |
Штип |
СОУ „Славчо Стојменски“ |
1 |
1 |
104 |
Штип |
СОУ „Димитар Мирасчиев“ |
1 |
|
105 |
Штип |
СОУ „Јане Сандански“ |
1 |
|
106 |
Штип |
ДСУРЦСОО „Коле Нехтенин“ |
1 |
1 |
107 |
Штип |
ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ |
1 |
1 |
108 |
Штип |
ЦССОВ „Искра“ |
1 |
1 |
109 |
Скопје |
Математичко-информатичка гимназија |
1 |
1 |
3. Наставник може да поднесе барање за напредување во звање наставник-ментор доколку:
-има најмалку седум години работно искуство како наставник,
-е вработен на неопределено работно време и
-ги исполнува професионалните стандарди за наставник-ментор.
4.Стручен соработник може да поднесе барање за напредување во звање стручен соработник-ментор доколку:
-има најмалку седум години работно искуство како стручен соработник,
-е вработен на неопределено работно време и
-ги исполнува професионалните стандарди за стручен соработник-ментор.
5. Барањето за напредување во звање наставник-ментор или стручен соработник-ментор се доставува до Министерството за образование и наука преку електронска апликација на интернет страницата на Министерството на следниот линк karierenrazvoj.mon.gov.mk
6. Барањето од точката 5 се пополнува на електронската апликација на интернет страницата на Министерството за образование и наука karierenrazvoj.mon.gov.mk и ги содржи следниве податоци:
- име и презиме на подносителот на барање;
- училиште во кое работи и општина;
- работно место на кое е вработен на неопределено работно време (доказ: решение/нија за распоредување на работно место);
- звање за кое аплицира;
- работно искуство (доказ: извештај од Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија за остварен работен стаж на наставникот/стручниот соработник);
- вид на стекнато образование (доказ: диплома или уверение за завршено соодветно образование или копија заверена на нотар);
- обуки, научно-стручни конференции, конгреси, симпозиуми, авторство, учество во активности за подобрување на наставата и награди и признанија;
- професионална пракса за стекнати компетенции.
7. Подносителот на барањето приложува соодветни докази, во електронска форма во електронската апликација https://karierenrazvoj.mon.gov.mk на интернет страницата на Министерството за образование и наука за податоците од точка 6 алинеи 3, 5, 6, 7 и 8.
8. Ако барањето од точката 5 и 6 е доставено без комплетната документација, подносителот на барањето се известува и е должен да ја комплетира документацијата во рок од седум дена од денот на приемот на известувањето.
9.Барањето за напредување во звање наставник - ментор или стручен соработник-ментор се поднесува најдоцна до 23 септември 2025 година. Секое барање поднесено по овој датум нема да се разгледува и рангира.
МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА