Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Повик за искажување на јавен интерес за формирање на авторски тим за изработка на ракопис за учебник за VII одделение во деветгодишно основно образование

Повик за искажување на јавен интерес за формирање на авторски тим за изработка на ракопис за учебник за VII одделение во деветгодишно основно образование

 

Врз основа на член 17-а став 1 од Законот за учебници за основно и средно образование  („Службен весник на РМ„   бр.98/2008, 99/2009, 83/10, 36/11, 135/11, 46/12, 24/13, 120/13, 29/14, 146/15, 217/15, 30/16 и 21/18) МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА - Педагошка служба, објавува

 

Повик за искажување на јавен интерес

за  формирање на авторски тим за  изработка на ракопис за учебник  за VII одделение  во деветгодишно основно образование

Авторскиот тим ќе се формира  за следниот наставен предмет:

 

Природни науки за VII одделение во деветгодишно основно образование

 

Заинтересираните авторски тимови потребно е да достават пријава за авторски тим  до архивата на Педагошката служба –ул.„Св.Кирил и Методиј„ 54- Скопје, заклучно со 29.03.2024 година. (симнете пријава тука)

Кон пријавата авторите од авторскиот тим задолжително треба да достават:

-              уверение или диплома за завршено соодветно образование, во оригинал или заверена со нотарски печат (авторите кои имаат завршено образование во странство должни се да достават нострифицирана диплома од Република Северна Македонија),

-              изјава дека ги исполнуваат условите согласно член 11 од Законот за учебници за основно и средно образование

-              доказ дека имаат работно искуство во настава

Напомена: во составот на авторскиот тим може да се избере и автор кој не ги исполнува условите во однос на работното искуство од најмалку десет години како наставник во основно, средно или високо образование по соодветниот наставен предмет за кој е наменет учебникот, односно работно искуство од најмалку десет години како наставник во основно, средно или високо образование соодветно според наставната програма за предметот за кој е наменет учебникот

Министерството за образование и наука  известува дека ќе склучи договор само доколку ракописот за учебник на авторскиот тим се одобри за употреба со одлука на Националната комисија за учебници за основно и средно образование.

 

 

 

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar