Заменик министер

 

Заменик министер

 

Арафат Шабани

Арафат Шабани е назначен за заменик на министер за образование и наука на 24 септември 2020 година. Во претходниот период беше ангажиран како редовен професор по образовна психологија на Универзитетот на Југоисточна Европа, каде истовремено ја извршуваше функцијата декан на Факултетот за јазици, култури и комуникација.

 

Дипломирал на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Филозофски факултет (дипломиран психолог) 1995-1999 и на Универзитетот во Приштина, Филозофски факултет (дипломиран педагог) 1996-2002 година.

 

За време на неговата кариера бил ангажиран како член на професионалните тела како што се Алумни на УЈИЕ; член на Центарот за професионално лидерство на УЈИЕ; Член на стручни комисии во Министерството за образование и наука; Соработник на организации на тинк-тенк.

 

Професионални позиции во академската кариера:

• Декан на УЈИЕ - Тетово

• Продекан на УЈИЕ - Тетово

• Професор на УЈИЕ - Тетово

• Советник на Заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија за европски прашања

• Професор на УТ - Тетово

• Професор на Универзитетот ФАМА во Приштина

• Професор на Универзитетот во Приштина - Педагошки факултет

• Центар за професионално лидерство - УЈИЕ - претседател

• Институт за демократија и развој - заменик на претседател.

 

Издавач на повеќе од 50 научни статии, дискусии, семинари и разни научни презентации.

 

Како резултат на ангажмани во научна и академска област, тој течно зборува на четири јазици: албански, македонски, англиски и турски јазик.

 

Роден е во 1976 година.