Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Царовска: Вложувањето во менталното здравје на учениците е вложување во иднината на државата

Царовска: Вложувањето во менталното здравје на учениците е вложување во иднината на државата

 

Царовска: Вложувањето во менталното здравје на учениците е вложување во иднината на државата

 

Вложувањето во менталното здравје на учениците е значајно не само за денес, значајно е за иднината на државата, рече министерката за образование и наука Мила Царовска во гостувањето во емисијата “Објектив” на Националната телевизија.

 

„Ако ние изградиме силни личности коишто имаат стабилна психолошка состојба, тогаш ќе очекуваме дека понатаму државата ќе ја водат истите тие изградени и стабилни личности. Училиштето не е само зграда, не е само простор којшто е на општината, училиштето е место кадешто создаваме граѓани кои понатаму ќе ја водат државата“, рече Царовска.

 

Како општество не водиме голема грижа за ментално здравје, и тоа, нагласи Царовска, треба да се промени.

 

„И тоа ќе го видите во дадени моменти кога се зборува за насилство, исклучиво се зборува дека станува збор за насилство во домот, па ние имаме борба да докажеме дека насилството не смее да се случува на ниедно место. Имате цели институции кои не постапуваат во моменти на насилство, што укажува за системска негрижа за менталното здравје, како да тоа не е дел од целото здравје или од целосната благосостојба. Тој дискурс полека го менуваме“, рече Царовска.

[ петок, 20 ноември 2020 ] [ 410 ]

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar