Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Продолжува учеството на Република Северна Македонија во програмата „Хоризонт Европа“ (2021-2027), рамковна програма за истражување и иновации на Европската Комисија

Продолжува учеството на Република Северна Македонија во програмата „Хоризонт Европа“ (2021-2027), рамковна програма за истражување и иновации на Европската Комисија

 

Продолжува учеството на Република Северна Македонија во програмата „Хоризонт Европа“ (2021-2027), рамковна програма за истражување и иновации на Европската Комисија

 

Заменик министерот за образование и наука Арафат Шабани , претставници од МОН, МНР и ФИТР денес  учествуваa  на видео состанок со претставници на Директоратот за истражување, технолошки развој и иновации на Европската комисија за подготовка на договорот за учество на Република Северна Македонија во новата  рамковна програма за истражување и иновации на Европската Комисија  „Хоризонт Европа“ (2021-2027 год).

На овој состанок се потврди ставот дека Европската комисија нема да дозволи прекин на континуитетот на учеството на  Република Северна Македонија  во новата програма „Хоризонт Европа “ која стартува на 1 ви јануари 2021 година.

Република Северна Македонија ќе го продолжи своето учество во програмата „Хоризонт Европа“  со статус на асоцијативна земја членка на Програмата т.е согласно истите услови, правила и одговорности кои важат за земјите членки на ЕУ.

Програмата е отворена за најширок круг на потенцијални корисници, почнувајќи од локалните власти, медиумите, образовните институции, истражувачки организации, организациите на граѓанското општество и невладините организации, бизнис секторот (посебно малите и средни претпријатија- МСП), но и самите граѓани како неформални групи.

„Нашите очекувања во новата програма се да видиме повеќе истражувања и иновативни проекти со зголемено учество на претставници од Северна Македонија“,  изјави заменик министерот Шабани.

[ четврток, 19 ноември 2020 ] [ 848 ]

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar