Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Отворен е повик за пристап до лабораторијата за нанобиотехнологија во рамки на Заедничкиот истражувачки центар (Joint Research Center-JRC) на Европската комисија во Испра, Италија

Отворен е повик за пристап до лабораторијата за нанобиотехнологија во рамки на Заедничкиот истражувачки центар (Joint Research Center-JRC) на Европската комисија во Испра, Италија

 

Отворен е повик  за пристап до лабораторијата за нанобиотехнологија  во рамки на Заедничкиот истражувачки центар (Joint Research Center-JRC) на Европската комисија  во Испра, Италија

Call: https://ec.europa.eu/jrc/en/research-facility/open-access/relevance-driven/2020-1-rd-nanobiotech

Лабораторијата е отворена за соработка со  универзитетите, истражувачките организации и бизнис секторот

НОВО:  Без трошоци за  пристап до лабараторијата за сите апликации (со исклучок на потрошниот материјал и трошоците)

 

НОВО:  Обезбедени трошоци за патување и поддршка за егзистенција на членови на институции кои аплицираат од  следните земји:

Асоцијативни земји кон ЕУ: Албанија, Ерменија, Босна и Херцеговина, Фарски Острови, Грузија, Република Северна Македонија, Молдавија, Црна Гора, Србија, Тунис, Турција и Украина.

Земји-членки на ЕУ: Бугарија, Хрватска, Кипар, Чешка, Естонија, Унгарија, Летонија, Литванија, Луксембург, Малта, Полска, Португалија, Романија, Словачка и Словенија

JRC го олеснува пристапот до лабораторијата за нанобиотехнологија со откажување од трошоците за пристап и особено преку обезбедување патување и егзистенција на корисниците кои го посетуваат JRC од институции од земји подобни за акција за ширење на извонредност и проширување на учеството.

 Лабораторијата за нанобиотехнологија содржи најсовремени опремени објекти дизајнирани да поттикнуваат интердисциплинарни студии.

Посебен акцент се става на карактеризацијата на наноматеријалите, микро  (нано)  пластиката, наномедицината,  напредните материјали и нивните интеракции со биолошките системи, како и на откривањето, идентификувањето и карактеризацијата на наноматеријалите во храната и потрошувачките производи.

Приоритетни теми на повикот:

•       Карактеризација на наноматеријалот, вклучувајќи ги и нивните интеракции со биолошки системи (културни медиуми, протеини, итн.)

•       Откривање на наноматеријали и нано (микро) пластика во сложени матрици

•       Површинска хемиска анализа на макро и наноматеријали. Површинска модификација и нано-изработка

•       Студии за биомолекуларна интеракција, карактеризација на антитела и антигени, карактеризација на био-интерфејси

•       Напредно карактеризирање на материјалот за не-био-апликации (енергија, транспорт, кружна економија, животна средина итн.).

 

Open Access of the JRC Research Infrastructures: https://ec.europa.eu/jrc/en/research-facility/open-access

 

Национално контакт лице :

Марина Николовска

076 485077 

[ среда, 28 октомври 2020 ] [ 844 ]

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar