Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Царовска: Со социјален дијалог се планираат новите профили во средното стручно образование

Царовска: Со социјален дијалог се планираат новите профили во средното стручно образование

 

Со социјален дијалог на локално ниво го планираме отворањето на нови профили во средните стручни училишта, кои може да одговорат на потребите на пазарот на трудот. Ова го изјави министерката за образование и наука, Мила Царовска којашто денес беше во посетa на средни стручни училишта и компании во Кавадарци и Велес, кадешто практичната настава се одвива по германски модел.

“Многу е важно профилите во стручните училишта да се планираат според реалните потреби на компаниите. На овој начин ќе обезбедиме лесно вработлива и продуктивна работна сила”, рече Царовска.

Царовска истакна дека дуалното образование е успешен начин на градење на вештини потребни на пазарот на пазарот на трудот. По завршувањето на пандемијата,  кај компаниите ќе биде уште поизразен недостигот на стручен кадар, а младите вклучени во дуалното образование ќе имаат најкус пат до вработување. Тоа што ние се трудиме да го направиме за младите е да изградиме систем кој ќе им помогне да ги развијат своите практични вештини, полесно да се вработат и да ги реализираат своите амбиции. 

Во програмата за дуално образование поддржана од Германската стопанска комора се вклучени 7 училишта од 7 општини и 12 компании. 

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar