Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Царовска, Битиќи и Бектеши на состанок на работна група: Со паметна специјализација создаваме инклузивна и одржлива економија

Царовска, Битиќи и Бектеши на состанок на работна група: Со паметна специјализација создаваме инклузивна и одржлива економија

 

Царовска, Битиќи и Бектеши на состанок на работна група: Со паметна специјализација создаваме инклузивна и одржлива економија

 

Министерката за образование и наука Мила Царовска, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за економија Крешник Бектеши и претставници на Германското друштво за интернационална соработка,  денес одржаа состанок на работната група за развој на стратегија за паметната специјализација којашто има за цел да создаде инклузивна и одржлива економија во Северна Македонија.

Паметната специјализација преставува пристап на интегрирана економска трансформација која се базира на специјализација односно на искористување на постојните потенцијали во економијата (бизнисот), иновациите и науката. Имплементирањето на овој процес подразбира развивање на стратегии за образование и развој на вештини и за иновации коишто треба да се прилагодат на реалните потреби на пазарот на трудот, но и на конкурентноста и на регионалниот развој.

Развојот на оваа стратегијата во која се вклучени сите важни партнери како државните институции, претпријатија, како и научните институции, треба да ги дефинира областите на кои државата ќе ги насочи своите иновации кои се од суштинско значење за создавање на одржлив развој на земјата и поголем просперитет на граѓаните.

[ среда, 14 октомври 2020 ] [ 2434 ]

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar