Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Царовска на прва средба со ректорите на универзитетите: Заеднички ќе создаваме квалитетно високо образование

Царовска на прва средба со ректорите на универзитетите: Заеднички ќе создаваме квалитетно високо образование

 

Царовска на прва средба со ректорите на универзитетите: Заеднички ќе создаваме квалитетно високо образование

 

Министерката за образование и наука Мила Царовска денес одржа прв работен состанок со ректорите од универзитетите во државата. Капиталните инвестиции во високоообразовните институции, развојот на науката и научниот кадар беа тема на разговор на состанокот. Министерката истакна дека МОН ќе ја продолжи и интензивира соработка со универзитетите, но и дека ќе ја почитува автономијата и експертско мислење на академската заедница во носењето на сите важни политики и реформи. Беше заклучено и дека е неопходна целосна анализа којашто ќе помогне во креирањето политики за подобрување и унапредување на функционирањето на универзитетите и научната дејност во државата.

На состанокот се зборуваше и за стартот на академската година во услови на Ковид-19, при што ректорите информираа дека дел од универзитетите ги завршиле, а дел се уште ги прават анкетите на студентите за начинот на реализирање на наставата.

 

[ петок, 11 септември 2020 ] [ 5663 ]

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar