Министерство за образование и наука

  / Конкурси / Програма за стипендии Мари Склодовска - Кири (MSCFP) на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ)

Програма за стипендии Мари Склодовска - Кири (MSCFP) на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ)

 

Генералниот директор на МААЕ неодамна ја иницираше Програмата за стипендии Мари Склодовска - Кири, во обид да ги охрабри младите жени да продолжат со својата кариера во нуклеарната наука и технологија, нуклеарната безбедност и неширење на нуклеарното оружје.

Програмата  Мари Склодовска - Кири  ќе стипендира до 100 избрани кандидати годишно, во зависност од расположливите средства,  ќе ја покрива универзитетската школарина до 10.000 евра годишно и животните трошоци до 10.000 евра годишно врз основа на локацијата на универзитетот. Стипендиите ќе се доделуваат за двегодишни магистерски студии во области поврзани со нуклеарната наука.

Процесот на аплицирање за циклусот MSCFP 2020 е отворен на 14 август, a крајниот рок за пријавување е 11 октомври 2020 година. Kандидатките можат да аплицираат за овие стипендии за академските години 2020/2021 и 2021/2022.

Повеќе информации за MSCFP, како и за начинот на аплицирање може да најдете на www.iaea.org/MSCFP

[ среда, 09 септември 2020 ] [ 2199 ]

 

Конкурси

Back to top
Close Offcanvas Sidebar