Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Јавна расправа за изработка на Концепцијата за инклузивно образование

Јавна расправа за изработка на Концепцијата за инклузивно образование

 

Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието започнуваат процес на јавна консултација за изработка на Концепција за инклузивно образование.

Во насока на квалитетна подготовка на уште еден стратешки документ кој ќе треба да обезбеди дополнителен придонес кон развојот на националниот образовен систем, Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието започнуваат процес на јавна консултација за изработка на Концепција за инклузивно образование.

Нацрт верзијата на Концепцијата за инклузивно образование, чие креирање е дефинирано во новиот Закон за основно образование е достапна на следниот линк.

Сите засегнати и заинтересирани чинители кои ценат дека можат да дадат придонес кон подготовка на што поквалитетна содржина на овој документ, своите предлози, сугестии и забелешки можат да ги испратат на електронската адреса: snezanatrpevska@bro.gov.mk, најдоцна до 25.6.2020.

[ понеделник, 15 јуни 2020 ] [ 879 ]

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar