Министерство за образование и наука

  / Конкурси / Отворен повик за стипендирање на десет средношколци/студенти

Отворен повик за стипендирање на десет средношколци/студенти

 

Меѓународната невладина организација Македонија2025 го отвори повикот за прием на апликации во склоп на Фондот за поддршка на талентирани студенти за тековната 2020 година.

По успешноста на пилот-проектот, Фондот обезбеди средства да помогне на талентирани млади од Македонија во периодот од 2019-2022. Во текот на оваа година, ќе се стипендираат 10 индивидуи, при што поддршката за секој кандидат ќе изнесува 60 илјади денари, исплатени во 10 еднакви месечни износи на годишно ниво. Стипендиите ќе се доделуваат за месеците во кои се одвива настава (јуни, септември-мај).

 

Критериуми за апицирање:

Средношколци/ студенти во државни средни училишта/ високо образовни институции *;

Средношколци со успех над 4.70 / студенти со просек над 9.00;

Добитници на награди или учесници на државни и/или меѓународни натпревари во областа на природни и општествени науки, компјутерско програмирање и друго, при што предност ќе имаат кандидати од областите STEM;

Предност ќе имаат ученици/ студенти кои доаѓаат од социјално ранливи семејства со финасиски приход во семејството под 22.000 денари месечно.

За повторно аплицирање за стипендија во текот на наредните години, стипендистите треба да одржуваат контиуниран успех и да имаат развој во постигнувањата.

 

Начин на аплицирање:

За да аплицирате, потребно е да ги доставите следните документи на македонски јазик:

Кратка биографија – CV;

Потврда за редовен ученик/ студент и потврда за просек/ успех;

Дипломи од награди од државни и/или меѓународни натпревари во различни дисциплини;

Мотивационо писмо во кое се посочува зошто е потребна поддршката (во мотивационото писмо да се наведе доколку кандидатот е корисник на друга стипендија);

Релевантни документи за приказ на месечниот финансиски приход во семејството;

Препораки од професори/релевантни институции или индивидуи.

Покрај редовната стипендија, Фондот ќе се потруди да поддржи менторство и обуки за личен и професионален развој на кандидатите, платени пракси во истакнати македонски компании, како и техничка поддршка во опрема (компјутер, телефон и друго). Стипендистите исто така ќе бидат поканети на годишните настани и активности во организација на Македонија2025.

 

Крајниот рок за испраќање на документите е 10.04.2020 и треба да ги доставите електронски на office@macedonia2025.com. Апликациите ќе ги разгледува Комисија составена од истакнати членови и партнери на Македонија2025.

Избраните кандидати кои ги исполнуваат сите горенаведени услови и критериуми ќе бидат контактирани до 24.04.2020, откако ќе заврши процесот на предселекција. Пред да се донесат финалните одлуки, можно е дел од кандидатите да бидат повикани на дополнително интервју.

* Стипендиите се достапни и за ученици/студенти од приватни образовни институции кои користат целосни стипендии за школувањето (без разлика на изворот на стипендијата).

По завршување на процесот на селекција, избраните стипендисти потпишуваат Договор за финансиска поддршка пред исплата на финансиските средства, каде ќе бидат поставени сите услови и правила за користење на стипендијата. За лицата под 18 години, договорот се потпишува во присуство на родител/ старател на лицето корисник.

По изборот, стипендистите се должни да доставуваат месечни извештаи за своите достигнувања, како би покажале посветеност и отченост во својот личен и професионален развој, во рамки на стипендијата.

[ петок, 20 март 2020 ] [ 3113 ]

 

Конкурси

Back to top
Close Offcanvas Sidebar