Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Се продлабочува соработката во образованието помеѓу земјите од регионот

Се продлабочува соработката во образованието помеѓу земјите од регионот

 

Се продлабочува соработката во образованието помеѓу земјите од регионот

 

Проширувањето на меѓусебната соработка во областа на образованието беше во фокусот на неформалните средби кои министерот за образование и наука Арбер Адеми ги оствари со министрите за образование на Албанија, Косово и Црна Гора, Линдита Никола, Шукри Битиќи и Дамир Шеховиќ.

За време на средбите, сите страни изразија интерес и подготвеност за размена на искуства и поголема соработка преку иницирање на заеднички проекти и активности на сите нивоа и во сите образовни сегменти, особено во високото образование и науката, каде заеднички став е дека постои можност да се зголеми мобилноста на наставниот кадар, размената на студенти и да се реализираат повеќе билатерални научно – истражувачки проекти.

 

Инаку, средбите се остварени за време на седмиот министерски состанок кој вчера и денес се одржува во Брисел, а го организира Европската комисија во рамки на Платформата за образование и обука на земјите од Западен Балкан.

 

Платформата за образование и обука на земјите од Западен Балкан пак, е создадена во 2012 година и има за цел да иницира поголема соработка помеѓу институциите на системот во сите земји од регионот, со цел да се разменуваат позитивни примери и искуства, да бидат детектирани образовните предизвици и да се обезбеди заеднички пристап за нивно надминување.

[ сабота, 27 јули 2019 ] [ 44430 ]

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar