Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Атанасов

Атанасов

 

Атанасов

 

На 4ти и 5ти април во Министерството за образование на Шпанија, под покровителство на Европската комисија, се одржа првиот СЕЛФИ форум за образованиeто во дигиталната ера. На овој форум учествуваа над 200 претставници на 33 европски држави.

На форумот учествуваше и делегација на Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија предводена од заменик министерот проф. д-р Петар Атанасов и советничката Надица Костоска.

Стратегијата на Европската комисија е дека дигиталната технологија и вештини ќе бидат круцијални во дигиталното општество и за идните работни места. Затоа употребата на новата самоевалуациска алатка, СЕЛФИ, која веќе се користи во 33 држави и над 3000 училишта, ќе им помогне на училиштата да се подготват за новата дигитална ера.

[ петок, 05 април 2019 ] [ 226 ]

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar