К О Н К У Р С за доделување на стипендии за изучување на словенечки јазик и студиско усовршување во Република Словенија за академската 2012/2013 година

Врз основа на Протоколот меѓу Министерството за образование и наука на Република Македонија и Министерството за високо образование, наука, и технологија на Република Словенија, Министерството за образование и спорт на Република Словенија за соработка во областа на образованието, потпишан на 15 февруари 2011 година во Љубљана, Министерството за образование и наука на Република Македонија распишува


К О Н К У Р С

за доделување на стипендии  за изучување на словенечки јазик и студиско усовршување во Република Словенија за академската 2012/2013 година

 

1.  Две (2) едносеместрални стипендии за студенти по словенечки јазик од Република Македонија;

2. Осумнаесет (18) месечни стипендии за студиско усовршување на високообразовните установи во Република Словенија, со поединечно траење од 3-6 месеци, за кандидати до 30 годишна возраст.

 

Потребна документација за пријавување:

  1. 1.Образец за пријавување;
  2. 2.Мотивациско писмо;
  3. 3.Копија од диплома
  4. 4.Препорака од двајца професори од матичната институција;
  5. 5.Поканително писмо од словенечката институција кое ќе гласи на ваше име;
  6. 6.Копија од пасош;
  7. 7.Писмена согласност од институцијата;
  8. 8.Кандидатите уметници  потребно е да приложат свое дело (фотографија, записи, дијапозитиви, ЦД со свои дела).

 

Кандидатите потребно е да ги пополнат обрасците, кои се составен дел на овој конкурс.

 

Пополнетите обрасци во три примероци се доставуваат до Министерството за образование и наука, ул. Мито Хаџивасилев Јасмин б.б. Скопје.

 

Краен рок за пријавување е 31 март 2012 година.

 

Подетални информации можат да се добијат во Министерството за образование и наука, ул. Мито Хаџивасилев Јасмин б.б. Скопје, тел. 3140-189, лице за контакт Билјана Василеска и на веб страницата на Министерството за образование и наука (http://www.mon.gov.mk).


Линкови за превземање на документи за аплицирање:

Application_2012-13

LETTER_OF_ACCEPTANCE_2012-13



Македонски (Macedonia)Shqip

Министер

м-р Панче Кралев

Министер за образование и наука на Република Македонија

iso-9001-2008-mon

Ценовник за оштетени учебници 2011

ucebnici.mon.gov.mk

Контакт и прашања за бесплатни учебници

Акредитирани универзитети и факултети

edulaws logo

 

citizenship1

 

PQ

 

bro

 

edemokratija

 

2 Logo_DIC

 

integriranoobrazovaniegolemfont

 

1000knigi