Меѓународната невладина организација Македонија2025 го отвори повикот за прием на апликации во склоп на Фондот за поддршка на талентирани студенти за тековната 2020 година. По успешноста на пилот-проектот, Фондот обезбеди средства да помогне на талентирани млади од Македонија во периодот од 2019-2022. Во текот на оваа година, ќе се стипендираат 10 индивидуи, при што поддршката за секој кандидат ќе изнесува 60 илјади денари, исплатени во 10 еднакви месечни износи на годишно ниво. Стипендиите ќе се доделуваат за месеците во кои се одвива настава (јуни, септември-мај).

Критериуми за апицирање:

  • Средношколци/ студенти во државни средни училишта/ високо образовни институции *;
  • Средношколци со успех над 4.70 / студенти со просек над 9.00;
  • Добитници на награди или учесници на државни и/или меѓународни натпревари во областа на природни и општествени науки, компјутерско програмирање и друго, при што предност ќе имаат кандидати од областите STEM;
  • Предност ќе имаат ученици/ студенти кои доаѓаат од социјално ранливи семејства со финасиски приход во семејството под 22.000 денари месечно.

За повторно аплицирање за стипендија во текот на наредните години, стипендистите треба да одржуваат контиуниран успех и да имаат развој во постигнувањата.

Начин на аплицирање:

За да аплицирате, потребно е да ги доставите следните документи на македонски јазик:

  • Кратка биографија – CV;
  • Потврда за редовен ученик/ студент и потврда за просек/ успех;
  • Дипломи од награди од државни и/или меѓународни натпревари во различни дисциплини;
  • Мотивационо писмо во кое се посочува зошто е потребна поддршката (во мотивационото писмо да се наведе доколку кандидатот е корисник на друга стипендија);
  • Релевантни документи за приказ на месечниот финансиски приход во семејството;
  • Препораки од професори/релевантни институции или индивидуи.

Покрај редовната стипендија, Фондот ќе се потруди да поддржи менторство и обуки за личен и професионален развој на кандидатите, платени пракси во истакнати македонски компании, како и техничка поддршка во опрема (компјутер, телефон и друго). Стипендистите исто така ќе бидат поканети на годишните настани и активности во организација на Македонија2025.

Крајниот рок за испраќање на документите е 10.04.2020 и треба да ги доставите електронски на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. Апликациите ќе ги разгледува Комисија составена од истакнати членови и партнери на Македонија2025.

Избраните кандидати кои ги исполнуваат сите горенаведени услови и критериуми ќе бидат контактирани до 24.04.2020, откако ќе заврши процесот на предселекција. Пред да се донесат финалните одлуки, можно е дел од кандидатите да бидат повикани на дополнително интервју.

 

* Стипендиите се достапни и за ученици/студенти од приватни образовни институции кои користат целосни стипендии за школувањето (без разлика на изворот на стипендијата).

 

По завршување на процесот на селекција, избраните стипендисти потпишуваат Договор за финансиска поддршка пред исплата на финансиските средства, каде ќе бидат поставени сите услови и правила за користење на стипендијата. За лицата под 18 години, договорот се потпишува во присуство на родител/ старател на лицето корисник.

По изборот, стипендистите се должни да доставуваат месечни извештаи за своите достигнувања, како би покажале посветеност и отченост во својот личен и професионален развој, во рамки на стипендијата.

 

 

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

zamenik-mk-2

Заменик министер за образование и наука

Screenshot 2

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2  

mon_slika.jpg 

Screenshot 1

e-cris  

Integrirano-meguetnicko-obrazovanie 

NPV MK web banner

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook