Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија информира дека во тек е повик за искажување интерес за партнерство во рамки на проектот “Градење капацитети на Меѓународниот институт за одржливи технологии на земјите од Југоисточна Европа со поддршка од ИАЕА.

Повикот нуди два типа на можности:

-Грантови за млади кадри за следење на обуки за научници и инженери во различни специјализирани области во Европските лаборатории, за период од една или две години; 
-Грантови за организација на работилници, училишни семинари и обуки за идните корисници.
Повеќе информации можат да се обезбедат на следниот линк - https://seeiist.eu/fellow-contracts-fell/

Краен рок за аплицирање:
29 февруари 2020 година

Поднесување на апликациите:
Апликантите неопходно е да подготват CV по Европски формат (Europass) на англиси јазик и мотивациско писмо.
Апликациите треба да се поднесат во електонска форма на следнава е-маил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.