Врз основа на член 14-a од Законот за учебници за основно и средно образование („Службен весник на РМ„ бр.98/2008, 99/2009, 83/10, 36/11, 135/11, 46/12, 24/13, 120/13, 29/14, 146/15, 217/15, 30/16 и 21/18) МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА - Педагошка служба, објавува


ПОВТОРЕН ПОВИК ЗА ИСКАЖУВАЊЕ НА ИНТЕРЕС

за учество во комисија за давање мислење по доставени предлози за исправки и/или дополнувања во текстот на учебникот, а истите не преставуваат повеќе од 30% од содржината на учебникот по предметите:

- Иновации и претприемништво (проектна активност) - гимназиско II година,
- Иновации и претприемништво (проектна активност) - гимназиско III година,
- Работа со компјутер и основи на програмирање за 4-то одделение,
- Српски јазик за 6-то одделение,
- Јазик и култура на Власите (изборен) за 7-мо одделение,
- Српски јазик за 7-мо одделение,
- Јазик и култура на Власите (изборен) за 8-мо одделение,
- Јазик и култура на Власите (изборен) за 9-то одделение,
- Иновации за 9-то одделение,
- Турски јазик за 9-то одделение,
- Јазик и култура на Власите (изборен) за 6-то одделение,
- Албански јазик за 6-то одделение,
- Албански јазик и книжевност (изборен) за 6-то одделение,
- Етика на религии (изборен) за 6-то одделение,
- Запознавање на религиите (изборен) за 6-то одделение,
- Класична култура во Европската цивилизација (изборен) за 6-то одделение,
- Ликовно образование за 6-то одделение,
- Македонски јазик за 6-то одделение,
- Македонски јазик за учениците од другите заедници за 6-то одделение,
- Техничко образование за 6-то одделение,
- Турски Јазик за 6-то одделение,
- Македонски јазик за 5-то одделение,
- Ликовно образование за 4-то одделение,
- Јазик и култура на Власите (изборен) за 3-то одделение,
- Јазик и култура на Ромите (изборен) за 3-то одделение,
- Српски јазик за 3-то одделение,
- Турски Јазик за 3-то одделение,
- Турски Јазик за 1-во одделение,

Заинтересираните кандидати за учество во комисија за давање мислење за измена повеќе од 30% од содржината на учебниците по горенаведените предмети за деветгодишно основно образование треба да ги исполнуваат следните услови:

- да се наставници/соработници од факултети од областа на наставниот предмет за кој е наменет учебникот (најмалку 10 години работно искуство во наставата) или

- да се наставници од основното односно средното образование за наставниот предмет за кој е наменет учебникот (најмалку 10 години работно искуство во наставата).

Заинтересираните кандидати кон пријавата задолжително треба да достават:

- уверение или диплома за завршено соодветно образование, во оригинал или заверена со нотарски печат (кандидатите кои имаат завршено образование во странство должни се да достават нострифицирана диплома од Република Северна Македонија),

- изјава дека ги исполнуваат условите согласно член 11 од Законот за учебници за основно и средно образование,

- преглед на регистирани податоци во матична евиденција од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија.

Пријавата може да се преземе на следниот линк, или да се подигне во Министерството за образование и наука-Педагошка служба ул. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје.

Пријавата уредно пополнета заедно со целокупната документација се доставува во Министерството за образование и наука-Педагошка служба, на ул. Св.Кирил и Методиј бр. 54, Скопје.

Краен рок за доставување на пријавите е 27.11.2019 година.
Некомплетните или ненавремено доставени пријави, нема да бидат разгледувани.

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Integrirano-meguetnicko-obrazovanie

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook