МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
Педагошка служба

Врз основа на член 16 став 1 од Законот за учебници за основно и средно образование („Службен весник на Република Македонија” бр. бр.98/08, 99/09, 83/10, 36/11, 135/11, 46/12, 24/13, 120/13, 29/14,146/15, 217/15, 30/16 и 21/18), директорот на Педагошката служба, распишува:


ЈАВЕН ОГЛАС
за рецензенти на учебници


1.Нарачател: Министерство за образование и наука-Педагошка служба, ул.„Св.Кирил и Методиј“ бр. 54-Скопје.

2. Се распишува Јавен оглас за рецензенти по предметите:

- Српски јазик за I одделение на деветгодишно основно образование,

- Српски јазик за II одделение на деветгодишно основно образование,

- Босански јазик за II одделение на деветгодишно основно образование,

- Работа со компјутер и основи на програмирањето за III одделение на деветгодишното основно образование,

- Работа со компјутер и основи на програмирањето за V одделение на деветгодишното основно образование,

- Информатика за VI одделение на деветгодишно основно образование,

- Информатика за VII одделение на деветгодишно основно образование,

- Граѓанско образование за VIII одделение во деветгодишно основно образование,


3. Пријавените рецензенти треба да ги исполнуваат следните услови:

- да бидат наставници од наставничките факултети за наставниот предмет за кој е наменет учебникот и со најмалку 10 години работно искуство во настава и

- да бидат наставници од основно односно средно училиште соодветни за наставниот предмет за кој е наменет учебникот и со најмалку 10 години работно искуство во настава.

Заинтересираните кандидати кон пријавата задолжително треба да достават:

- уверение или диплома за завршено соодветно образование, во оригинал или заверена со нотарски печат (кандидатите кои имаат завршено образование во странство должни се да достават нострифицирана диплома од Република Северна Македонија),

- изјава дека ги исполнуваат условите согласно член 11 од Законот за учебници за основно и средно образование.

- преглед на регистирани податоци во матична евиденција од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

Пријавата може да се преземе од следниот линк или да се подигне во Министерството за образование и наука-Педагошка служба ул. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје.

Пријавата уредно пополнета заедно со целокупната документација се доставува во Министерството за образование и наука-Педагошка служба, на ул. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје.

Краен рок за доставување на пријавите е 09.12.2019 година.
Некомплетните или ненавремено доставени пријави, нема да бидат разгледувани.

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook