КОНКУРС ЗА СТИПЕНДИРАЊЕ НА УЧЕНИЦИ РОМИ ЗАПИШАНИ ВО ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ ВО УЧЕБНАТА 2019/2020 ГОДИНА

Во рамки на проектот Редовно на часови: акција за вклучување на Ромите во основното образование, Фондацијата Отворено општество – Македонија заедно со своите партнери Здружението Центар за образовна поддршка Дендо вас и Фондацијата за образовни и културни иницијативи Чекор по чекор објавува конкурс за стипендирање на 315 ученици Роми запишани во прво одделение во учебната 2019/2020 година. Целта на овие стипендии е преку намалување на финансискиот товар на најранливите ромски семејства поврзан со школувањето на нивните деца да се обезбеди поголема вклученост на Ромите во основното образование, редовна посета на наставата и успешен премин во следните одделенија. Конкурсот за стипендирање е финансиран од Европската Унија.

Основни информации за стипендијата
• Стипендијата се однесува на период од една учебна година (10 месеци) и е наменета за покривање на трошоците за школување на децата, храна, облека, училиштен прибор/материјал, спортска и друга опрема за воннаставните активности на децата. Висината на стипендијата изнесува 400 евра годишно, во денарска противвредност. Стипендијата ќе се исплаќа на трансакциска сметка на мајката, таткото или на старателот/старателката.
• Задржувањето на стипендијата во тековната 2019/2020 учебна година, како и обновувањето на стипендијата за следните две учебни години 2020/2021 и 2021/2022 ќе зависи од редовноста на ученикот на наставата, како и од успешниот премин во следното одделение.

Можност за пријавување на конкурсот имаат:
• Ученици Роми запишани во прво одделение во учебната 2019/2020 година;
• Ученици чии семејства се приматели на социјална помош односно приматели на гарантирана минимална помош;
• Ученици кои не се корисници на друга стипендија обезбедена со финансиски средства на Европската Унија.

Потребни документи за пријавување
• Пријава за стипендирање на ученици Роми запишани во прво одделение во учебната
2019/2020 година.
• Оригинал потврда од училиште за редовен ученик во прво одделение запишан во учебната 2019/2020 година. Потврдата мора да има потпис и печат од училиштето.
• Доказ за користење на гарантирана минимална помош, кој можете да го добиете во надлежните Центри за социјална работа.

Критериуми за стипендирање
Предност за стипендирање ќе биде дадена на учениците Роми:
• кои доаѓаат од самохрани или згрижувачки семејства;
• кои доаѓаат од многудетни семејства;
• чии семејства вклучуваат лица со било каков вид на попреченост.

При селекција на кандидатите предност ќе се даде на ученичките – минимум 60% од стипендиите ќе бидат доделени на девојчиња. Во случај да се пријават поголем број ученици, проектот ќе утврди дополнителни критериуми за селекција на кандидатите. Доколку се неопходни дополнителни документи за потврда на веродостојноста на податоците наведени во пријавата истите ќе бидат побарани.


Семејствата на кандидатите кои ќе добијат стипендија не го губат правото на гарантираната минимална помош согласно член 4 од „Правилникот за начинот на остварување на правото на гарантирана минимална помош...” (Службен весник на РСМ, бр. 109 од 28.5.2019 година): При остварување и користење на правото на гарантирана минимална помош, како приход не се смета стипендијата.


Краен рок за пријавување е 10 декември (вторник) 2019 година.

Пријавите се доставуваат:
• лично или по пошта на адреса на Фондација Отворено општество – Македонија:
Бул. Јане Сандански 111, п.фах 378, 1000 Скопје или
• лично во училиштето во кое е запишано детето.

За пријавите испратени по пошта како време на поднесување ќе се смета времето на доставување на пријавата/пратката во пошта. За резултатите од конкурсот кандидатите ќе бидат известени по пошта.

Пријавата за конкурсот можете да ја најдете и во вашето училиште, Фондацијата Отворено општество - Македонија и во Центарот за образовна поддршка Дендо вас (ул. Плачковица 51, Шуто Оризари, Скопје).

Дополнителни информации за конкурсот можете да добиете:
- во просториите на Фондацијата Отворено општество – Македонија;
- телефонски на 02/2477107 или на имејл Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. ; и
- на веб-страницата www.fosm.mk.

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Integrirano-meguetnicko-obrazovanie

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook