Московскиот Државен Институт за Меѓународни Односи ( МГИМО ) при Министерството за надворешни работи на Руската Федерација објавува конкурс за прием на едно лице од Република Северна Македонија во учебната 2019/2020 година согласно одлуката на Претседателот на Руската Федерација.

Неопходни документи за пријавување:


1) Пријава

2) Документ за завршено средно (полно) образование. Кон документот, составен на еден од националните јазици на Руската Федерација или на странски јазик, треба да се приложи превод на руски јазик, заверен во руско нотаријално биро или во конзулатот на Руската Федерација во земјата каде е издаден документот;

3) Копија на личната карта и националниот пасош;

4) 12 слики 3 x 4 ( мат, црно – бели );

5) CV/Резиме;

6) Мотивационо писмо;

7) Две препораки и

8) Electronic application form: www.master.mgimo.ru

Документите да се достават во 2 (два) примерока.


За запишување на сите факултети МГИМО предвидува лицето кое ќе биде избрано да посетува подготвителна настава по руски јазик, доколку нема познавање од руски јазик и потоа да биде запишано на еден од расположивите факултети.

Сите потребни информации кандидатите можат да ги обезбедат на сајтот: www.mgimo.ru или во прикачениот документ


Краен рок за поднесување на документите е 31.05.2019 година, до Министерството за образование и наука, Сектор за меѓународна соработка, ул. „Св. Кирил и Методиј’ бр. 54 Скопје, Република Северна Македонија.

Лице за контакт: Гоце Видановски, тел.: (02) 3 140 185 и 076 485 061