Со задоволство објавуваме дека и во 2019 сите градинки, основни и средни училишта ќе имаат можност да аплицираат за грантови од Фондот Градиме Мостови - “Building Bridges Fund”преку интернет страницата на Министерството за образование и наука (МОН).

Фондот продолжува со лесниот пристап за грантови за општините, учениците, наставниците, родителите, училиштата и градинките кои сакаат да организираат заеднички активности вклучувајќи ученици од сите свои заедници кои следат настава на различни наставни јазици со цел да ја зголеми интеракцијата, разбирањето и интеграцијата во училишната и предучилишната средина.
Од воспоставувањето во 2014 година, Фондот овозможи заеднички активности кои ги вклучуваат заедниците во повеќе од 142 училишта низ целата земја и се надеваме на уште повеќе поврзувања и во 2019 година. До сега до фондот се доставени 437 апликации, од кои подржани се 68, опфаќајќи безмалку 30.000 ученици.


Фондот Градиме Мостови е заеднички проект отпочнат од Министерството за образование и наука, Владата на Швајцарија и Мисијата наОБСЕ во Скопје, кој понатаму беше поддржан и од Владите на Ирска и Австрија. Сега, активни поддржувачи на Фондот се Амбасадата на Кралството Холандија, како и Владите на Соединетите Амеркански Држави, Италија и Словачка, покрај Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Од 2018 година во работата на Фондот се вклучи и Министерството за труд и социјална политика.

На новите генерации им се потребни меѓусебни мостови кои ќе им овозможат пристап до богатството и благодатите на различноста, особено во училиштата и градинките, кои би требало да ги подготват за заедничка иднина во Европа со сета нејзина културна различност.

Фондот Градиме Мостови се надева скромно да придонесе кон отворање на можности за градење мостови кои заедниците, училиштата, градинките и децата ги заслужуваат. Сите апликанти кои биле одбиени или финансирани имаат прилика повторно да аплицираат. Подетални информации, како и формуларот за аплицирање се достапни за преземање од интернет страницата на МОН: http://www.mon.gov.mk/index.php/2014-07-23-14-03-24/vesti-i-nastani/2250-grantovi-za-zaednichki-aktivnosti-gradime-mostovi

Крајните рокови за аплицирање се 1 март, 1 мај и 1 октомври 2019.

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

zamenik-petar-mk

Заменик министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook