Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија соопштува дека Министерството за образование, млади и телесно воспитување на Република Чешка за 2019 година обезбедува четири стипендии за учество на кандидати на летни школи по чешки јазик во рамките на проектот за словенски студии, кои традиционално се одржуваат во Плзењ (2 места) и Брно (2 места).

Кандидатите потребно е да ги поднесат следниве документи во два примероци:
- Пополнет формулар за учество на летната школа;
- CV, кратка биографија;
- Диплома за завршено високо образование;
- За студентите: потврда дека е редовен студент на факултет;
- Мотивационо писмо.
Стипендијата покрива школарина, сместување и исхрана во студентска кантина, а патните трошоци се на товар на самиот кандидат.
Непотполни и не навремено доставени документи нема да се земат во предвид.

Апликацијата за пријавување и потребни информации на: http://www.msmt.cz/eu-and-international-affairs/summer-schools-of-slavonic-studies?lang=2 и на Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија: www.mon.gov.mk (- конкурси) и истата треба да се достави во два примерока. 
Може да се пријават кандидати и вон конкурсот со сопствено финансирање.
Подетални информации како и апликациите можат да се добијат на веб страната: http://www.mzv.cz/skopje

Кандидатите треба да се пријават најдоцна до 08.03.2019 година во Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија, Сектор за наука и иновации, Одделение за меѓународна соработка, (ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.54 Скопје, Република Северна Македонија). Лице за контакт – Видановски Гоце ( 02 ) 3140185
Интервју со кандидатите ќе се одржи на 12.03.2019 година во 10.00 часот во Министерството за образование и наука, ул. „Свети Кирил и Методиј“ бр.54 Скопје, 1400 на 14 кат.

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

zamenik-petar-mk

Заменик министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook