Врз основа на член 34 од Законот за основното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 103/2008, 33/2010, 116/2010, 156/2010, 18/2011, 42/2011, 51/2011, 6/2012, 100/2012, 24/2013, 41/2014, 116/2014, 135/2014,10/2015, 98/2015, 145/2015, 30/2016, 127/2016, 67/2017 и 64/18) и Правилникот за начинот и поблиските критериуми на организирање и изведување на натпреварите на учениците по одделени предмети на општинско, регионално и државно ниво во основно образование бр. 19-2252/1 од 05.03.2013 година и бр. 20-2929/1 од 02.03.2017 година, Министерството за образование и наука објавува

К О Н К У Р С
за акредитација на здруженија на наставници кои организираат натпревари на ученици од основните училишта

Министерството за образование и наука објавува Конкурс за акредитација на здруженија на наставници кои организираат натпревари на ученици од основните училишта.

На овој Конкурс право на учество имаат здруженијата на наставници кои се регистрирани како здруженија најмалку три години до денот кога поднесуваат барање за организирање на натпреварите.

Со поднесувањето на Образецот на барањето за акредитација на здруженија на наставници за организирање на натпревари на учениците во основните училишта, здруженијата на наставници треба да достават:

1. Документ за регистрирана дејност од Централен регистар на Република Македонија, 
2. Тековна состојба на здружението на наставници издадена од Централен регистар на Република Македонија, 
3. Биланс на состојба и биланс на успех на здружението на наставници издадена од Централен регистар на Република Македонија, 
4. Статут на здружението на наставници, 
5. Правилник за организирање на натпреварите на здружението на наставници, 
6. Тригодишен календар за спроведување на натпреварите за учениците во основните училишта во кои ќе бидат содржани наставните предмети, временскиот период за реализација на натпреварите и одговорните наставници кои ќе бидат вклучени во организацијата и реализацијата на секој од натпреварите.

Заинтересираните здруженија чија документација ќе биде некомплетна или ненавремено доставена нема да бидат земени во предвид во процесот на понатамошно разгледување и акредитирање.

За организирање на натпреварите се акредитира по едно здружение на наставници или Сојуз на здруженија по одделен наставен предмет за период од три години сметано од датумот на издавање на Решението за акредитација.

Избраните здруженија на наставници, односно сојузи на здруженија со правилник за организирање на натпреварите ќе го уредат начинот на организацијата, како и натпреварите на учениците да ги организира преку наставници кои изведуваат настава по одделен наставен предмет, сроден предмет или научна област на која и припаѓа наставниот предмет, како и да обезбедат организирање натпревари на целата територија на Република Македонија на сите наставни јазици, со исклучок на натпреварите по албански јазик, турски јазик, српски јазик и босански јазик .

Здружението на наставници или Сојузот на здруженија може да издаде само една диплома за освоено прво, второ или трето место на ученикот кој учествувал на државен натпревар по одделен наставен предмет, на наставникот-ментор пофалница, а за останатите учесници може да издаде уверение за учество на натпреварот.

Право на учество на овој конкурс имаат Здруженијата на наставници и Сојузите на здруженија на наставници за следните наставни предмети од основното образование:

- Албански јазик, 
- Турски јазик, 
- Српски јазик, 
-Босански јазик,
- Руски јазик,
-Италијански јазик,
- Ликовно образование,
- Техничко образование, 
- Општество,
- Историја, 
- Етика, 
- Граѓанско образование, 
- Иновации
- Физичко и здравствено образование, 
- Јазик и култура на Власите, 
- Јазик и култура на Ромите,
- Јазик и култура на Бошњаците, 
- Етика на религиите, 
- Запознавање на религиите, 
- Класична култура во европската цивилизација.

Потребната документација се доставува во рок од 15 дена од денот на објавувањето на овој Конкурс во писарницата на Министерство за образование и наука или на следната адреса „Св.Кирил и Методиј“ бр.54, Скопје.

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Integrirano-meguetnicko-obrazovanie

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook