Министерството за образование и наука информира дека во тек е јавен повик за наставници за учество на курс по арапски јазик, кој го организираат Египетската агенција за партнерство во развој и Центарот за управување и учење на арапски јазик при Универзитетот во Каиро.


Курсот ќе се одржи во периодот од 3 март до 4 април 2019 година.
Секој кандидат треба да ги исполнува следните услови:
- Познавање на арапски јазик на ниво Б1 или Б2 
- Да работи како наставник за лица кои не го зборуваат арапскиот јазик
- Да не е постар од 55 години и да е во добра здравствена состојба

Организаторите на курсот ги покриваат трошоците за авионски превоз и сместување.

Подетални информации можат да се обезбедат во Министерството за образование и наука, Сектор за меѓународна соработка, Одделение за меѓународна соработка во образованието и науката
ул.„Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје
тел: (+389 2)3140 186.

Краен рок за пријавување е 7 февруари 2019 година.