Врз основа на член 85 од Законот за основното образование („Службен весник на Република Македонија” бр.103/2008, 33/2010, 116/2010, 156/2010, 18/2011, 42/2011, 51/2011, 6/2012, 100/2012, 24/2013, 41/2014, 116/2014, 135/2014, 10/2015, 98/2015, 145/2015, 30/2016, 127/2016, 67/2017 и 64/2018) а согласно член 3 и 6 од Правилникот за начинот и постапката при полагање на стручен испит на учител, наставник, стручен работник и воспитувач во основното училиште („Службен весник на Република Македонија” бр.27/96), приправниците во основните училишта кои го завршиле приправничкиот стаж и ги исполнуваат условите за полагање на стручен испит, треба да достават Пријава за полагање на стручен испит најдоцна до 28.12.2018 година (петок), со која ја поднесуваат и следната документација:

1. Уверение за завршен приправнички стаж во училиште во траење од една година во кое ќе биде наведен рокот во кој се одвивал приправничкиот стаж, заверено со архивски број на училиштето во кое се одвивал приправничкиот стаж.
2. Мислење од менторот за работата на приправникот во текот на приправничкиот стаж, заверено со архивски број на училиштето во кое се одвивал приправничкиот стаж.
3. Мислење од највисокиот стручен орган на училиштето во кое е вработен приправникот за неговата воспитно-образовна работа, заверено со архивски број на училиштето во кое се одвивал приправничкиот стаж.
Училиштето во кое работи приправникот да направи проверка по кој пат (прв, втор и т.н.) полага приправникот и истото да го нагласи во мислењето од наставничкиот совет.
4. Извештај од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија за остварен работен стаж на приправникот од една календарска година.
5. Домашна писмена работа (во два примерока). Избраната тема за изработка на домашната писмена работа приправникот треба да ја истражи и разработи од аспект на нејзината практична применливост во непосредната наставна работа во потесното стручно подрачје на приправникот. За приправниците во основните училишта кои наставата ја изведуваат на јазиците на заедниците, еден примерок од домашната писмена работа да достават на јазикот на соодветната заедница и еден примерок на македонски јазик.
6. Копија од Диплома или Уверение за завршено соодветно образование (не треба да е заверена на нотар).
7. Копија од Уверение за здобиена педагошко-психолошка и методска подготовка здобиено на акредитиран универзитет (само за приправници на кои им е потребна наведената подготовка согласно нормативот за наставен кадар од наставната програма). (Не треба да е заверено на нотар).
8. Примерок од уплатницата за уплатените средства за полагање на стручен испит (уплатница во оригинал).

Исто така, во пријавата за полагање на стручен испит приправниците од основните училишта да го наведат одделението во која изведуваат настава.

НА ПРИЈАВАТА ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ НАВЕДЕ ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ И Е-МАИЛ АДРЕСА НА ПРИПРАВНИКОТ.

Кандидатите за полагање на стручен испит вработени во основно училиште уплаќаат средства во висина од 1.600 (илјада и шестотини) денари на уплатница пополнета на следниот начин:
- Цел на дознака: Уплата за стручен испит на приправници во основно образование, есенскиот испитен рок 2018 година;
- Назив на примач: Буџет на Република Македонија;
- Банка на примач: Народна банка на Република Македонија;
- Трансакциска сметка:100000000063095;
- Сметка на буџетски корисник: 1600100329-787-60;
- Приходна шифра: 723013 и
- Програма 20.

9. Согласно член 85 став 12 и 13 од Законот за основното образование („Службен весник на Република Македонија” бр. 103/08, 33/10, 116/10, 156/10, 18/11, 51/11, 6/12, 100/12, 24/13, 41/14, 116/14, 135/14, 10/15, 98/15, 145/15, 30/16, 127/16, 67/2017 и 64/2018), a по поднесувањето на документацијата, кандидатите кои ги исполнуваат условите пред полагањето на стручниот испит, се упатуваат на полагање на тест на процена на карактеристиките, за што е потребно е да уплатат средства во висина од 3.000 (три илјади) денари на уплатница пополнета на следниот начин:
- Цел на дознака: Полагање психолошки тест на карактеристиките на личноста на наставниците, есенски испитен рок 2018 година;
- Назив на примач:„СПРИНТ СОЛУШНС дооел Скопје“;
- Банка на примач: Комерцијална банка АД Скопје;
- Трансакциска сметка: 300000004204889

За лицата кои:
- не ги исполнуваат условите за наставници,
- немаат навршено една година приправнички стаж, или
-не реализирале наставна програма согласно нормативот за наставен кадар, не треба да се доставува документација за полагање на стручен испит.


Пријавата со комплетна документација се доставува до Министерството за образование и наука, ул.“Св. Кирил и Методиј“ бр.54, 1000 Скопје.