Британскиот фонд за стипендии – British Scholarship Trust доделува до 6 стипендии за кратки студиски престои (од 1 до 3 месеци) за млади истражувачи од Република Македонија на соодветни високо образовни и научно-истражувачки институции во Велика Британија за 2019 година.

Стипендијата изнесува 900 фунти месечно за универзитети надвор од Лондон и 1000 фунти месечно во Лондон, за покривање на трошоците за сместување и исхрана. Патните трошоци паѓаат на товар на кандидатите.

Услови за конкурирање:
- Завршени академски универзитетски студии од прв циклус со просечен успех над 8,00;
- Одлично познавање на англиски јазик; 
- Да не се постари од 30 години;
- Да имаат обезбедена согласност од соодветна институција од Велика Британија за реализација на студискиот престој.

Потребни документи за конкурирање:
1. Молба, вклучително адреса на живеење, е- mail и контакт телефон;
2. Биографија (CV);
3. Предлог програма за истражување, на една страна, формат А4;
4. Согласност од институцијата во Велика Британија за прифаќање на студискиот престој;
5. Копие од диплома за завршено образование;
6. Две препораки од универзитетски професори или истражувачи, во запечатени пликови; 
7. Потврда за познавање на англискиот јазик (ТОЕФЕЛ, ИЕЛТС или др.), и 
8. Пополнет формулар (од www.britishscholarshiptrust.org) и две фотографии.

Потполнетиот формулар за пријавување и потребните документи треба да се поднесат во Министерството за образование и наука, на англиски јазик, на адреса: 
ул. „Св. Кирил и Методиј“, бр.54, 1000 Скопје, Сектор за меѓународна соработка.

Крајниот рок за поднесување на документите во Министерството за образование и наука е 15 март 2019 година.

Подетални информации може да се најдат на www.britishscholarshiptrust.org или во Министерството, во канцеларија 1410 и на тел. 02 3140-185 или на e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..