Програмата Стипендиум Хунгарикум (Stpendium Hungaricum) на Владата на Унгарија за учебната 2019/2020 година за кандидати од Република Македонија доделува вкупно 20 стипендии, и тоа: 

- 7 стипендии за целосни додипломски (BA/BSc) студии, првенствено од областите на инженерските, земјоделските и природните науки, технологија, медицина, економија и општествени науки, во траење од 2 до 4 години;

- 7 стипендии за целосни последипломски студии (MA/MSc), исто така од горенаведените области, во траење од 1,5 до 2 години;

- 2 стипендии за делумни студии во траење од 1 или 2 семестари (one-tier) за магистерски програми од сите области од интерес и

- 4 стипендии за целосни докторски студии (PhD/ DLA) од сите области од интерес, по добивањето на согласност од соодветната високо образовна институција, во траење од 2+2 години. 

Доколку студиите се изведуваат на некој странски јазик, потребно е кандидатите да го познаваат тој јазик на ниво кое го бара институцијата домаќин (универзитетот). 

Доколку студиите се изведуваат на унгарски јазик, пред отпочнувањето со студии, прифатените студенти треба задолжително да посетуваат едногодишни подготвителни курсеви за унгарски јазик.

Стипендијата го покрива следниве трошоци:
- Школарина;
- Сместување во студентски кампус во институцијата домаќин или надоместок во ХУФ месечно; 
- Здравствено осигурување;
- Месечна стипендија согласно со постојната законската регулатива која се однесува на унгарските студенти, вклучувајќи ја и првата година за подготвителни курсeви, и тоа месечно по:
- 40.460 ХУФ - околу 139 eврa, за додопломски и последипломски (магистерски студии);
- 140.000 ХУФ – околу 450 eврa, за докторски студии, за првата фаза од 4 семестари и 180.000 – околу 580 евра, за втората фаза од 4 семестари; 
- Патните трошоци за патување во Унгарија се на товар на кандидатите.

Сите подетални информации за начинот, критериумите и потребните документи за аплицирање, како и листа на студиски програми на државните унгарски универзитети, факултети и колеџи и целосниот текст на Конкурсот (Cal for application 2019-2020) може да се најдат на: www.stipendiumhugaricum.hu


Начин на аплицирање:

Аплицирањето се врши исклучително по електронски пат. Секој кандидат има можност да аплицира за две различни студиски програми, по избор. Формуларот за аплицирање може да се симне од горенаведената интернет страна: (www.stipendiumhugaricum.hu).

Комплетниот пакет со потребните документи за аплицирање задолжително се доставува по електронски пат на истата оваа интернет страна, за што online системот е отворен од 15 ноември 2018 до 15 јануари 2019 година, до 12:00 часот.

Освен ова, потребно е секој кандидат истата апликација за стипендија од Програмата Стипендиум Хунгарикум, со сите барани документи, истовремено да ја достави на следнава e-mail адреса во Министерството за образование и наука: 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

zamenik-petar-mk

Заменик министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook