Врз основа на член 12-а од Закон за спортска академија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 115/2014, 129/2015, 146/2015, 30/16 и 142/16) и Правилникот за начинот и посебните критериуми за доделување на месечна стипендија на ученици во спортска академија (“Службен весник на Република Македонија” бр.191/15), а согласно Решението за распишување Конкурс за доделување на стипендии за ученици во спортската академија во Република Македонија за учебната 2018/2019 година, Министерството за образование и наука распишува

КОНКУРС

за доделување стипендии за ученици во Спортската академија

за учебната 2018/2019 година

Министерството за образование и наука за учебната 2018/2019 година ќе додели стипендии за учениците запишани во Спортската академија во Република Македонија.

  I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА

Право на стипендија имаат учениците кои се запишани во Спортската академија во Република Македонија, а ги исполнуваат следните услови:

1Да се редовни ученици во Спортската академија (од IIIII и/илиIV година)

2. Во текот на претходната учебна година да имаат постигнато најмалку општ успех многу добар 4,00 (четири) и одличен успех 5 (пет) од изборниот предмет тренинг од избраниот спорт на крајотна учебната година;

3Да не повторувале година во текот на образованието;

4Да не се корисници на стипендија од други институции или фирми;

5Да се државјани на Република Македонија.

II. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Учениците кои се пријавуваат по конкурсот, треба да пополнат барање поставено на следниот линк http://konkursi.mon.gov.mk, почнувајќи од 25.10.2018 година до 07.11.2018година.

Списокот со учениците кои ќе се стекнат со правото на стипендија ќе бидe објавен на 03.12.2018 година на интернет порталот http://mon.gov.mk и во Спортската академија.

 III. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

Учениците кои се пријавиле електронски потребно е да ги достават следните докименти:

  1. Барање
  2. Испечатена електронска пријава со идентификационен број
  3. Потврда дека е редовен ученик во учебната 2018/2019 година издадена од Спортската академија
  4. Заверени на нотарфотокопии од свидетелствата за завршена прва, втора и/или трета година на образованието;
  5. Изјава потпишана од родител/старател дека кандидатот не е корисник на друга стипендија
  6. Изјава од родителот/старателот за обработка и користење на неговите лични податоци и личните податоци на ученикот, со која кандидатот се сложува Министерството за образование и наука по службена должност да ги обезбеди потребните документи.

Со поднесување на бараните документи на кандидатите им се препорачува да достават и копија од трансакциска сметка на која би ги добивале парите во случај да добијат стипендија.

Министерството за образование и наука по службен пат го прибавува уверението за државјанство на Република Македонија од Министерството за внатрешни работи.

.IV. МЕСТО И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ

Учениците, кои се пријавиле електронски на конкурсот, до Министерството за образование и наука на ул. „Св. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје, од 25.10.2018 година до 07.11.2018 година, од 09.00-15.00 часот, ги доставуваат документите утврдени во глава IIIод конкурсот.

Кандидатите нема да бидат рангирани ако доставената документација е:

-некомплетна и/или

-ненавремено доставена.

Кандидатите нема да бидат рангирани ако Комисијата утврди дека податоците кои се внесени во електронската пријава не се идентични со податоците од доставената документација.

IV. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА

Висината на стипендијата ќе изнесува 3000 денари месечно за девет месеци во текот на учебната година.

Учениците кои ќе добијат стипендија ќе склучат договор со Министерството за образование и наука со кој ќе се утврдат правата и обврските.

Потребни Документи:

Барање - Спортска Академија.pdf

Изјава од родител дека не е корисник на друга стипендија.pdf

Изјава за користење на лични податоци.PDF

                                                                                                                        

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

zamenik-petar-mk

Заменик министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook