Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управата („Службен весник на Република Македонија” бр.58/00, 44/02, 82/08, 167/10 и 51/11), член 54 став 3 од Законот за ученичкиот стандард („Службен весник на Република Македонија” бр. 52/05, 117/08, 17/11, 135/11, 15/13, 41/14, 146/15, 30/16 и 64/18) и Решение за распишување Конкурс за доделување 400 (четиристотини) стипендии за социјална подршка на ученици од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија за учебната 2018/2019 година бр. од , Министерството за образование и наука распишува

КОНКУРС
за доделување 400 (четиристотини) стипендии за социјална подршка на ученици од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија за учебната 2018/2019 година

 

Министерството за образование и наука за учебната 2018/2019 година ќе додели 400 (четиристотини) стипендии за социјална подршка на ученици од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија.

I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА

Право на стипендија имаат кандидатите кои учат во јавните и приватните средни училишта во Република Македонија, а ги исполнуваат следните услови:

1. да се редовни ученици од I година, кои во текот на основното образование постигнале континуиран успех од најмалку 4,00;
2. да се редовни ученици од II, III и IV година, кои во текот на средното образование постигнале континуиран успех од најмалку 4,00;
3. да не повторувале година во текот на образованието;
4. да не се корисници на стипендија од други институции или фирми;
5. да се државјани на Република Македонија.

Критериум за доделување на стипендиите се:

-остварениот успех,

-материјалната состојба на потесното семејство на ученикот,

-освоени награди на меѓународни/државни натпревари освоени во текот на претходните две учебни години за учениците од прва година, односно во текот на претходната учебна година за учениците од II, III и IV година и

-социјалната положба на потесното семејство на ученикот.

Еден ученик може да добие најмногу 100 бодови и тоа: за остварениот успех во текот на школувањето може да се добие најмногу до 25 бодови, од освоени награди најмногу до 10 бодови, за остварените приходи (месечни и годишни) од членови на потесното семејство најмногу до 60 бодови и по 5 бодови добиваат учениците – деца на самохрани родители, деца на корисници на социјална помош и деца на корисници на надомест по основ на престанок на работен однос од деловни причини кај кои вкупните приходи во семејството се до нето минималната плата утврдена во Република Македонија.

За награди освоени на државно ниво ќе се признаваат само награди доделени од акредитирани здруженија на наставници од страна на Министерството за образование и наука кои организираат натпревари на ученици.

Под меѓународен натпревар се подразбира меѓусебен натпревар помеѓу ученици од најмалку десет различни држави.


II. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Учениците кои се пријавуваат по конкурсот, треба да пополнат електронска пријава поставена на интернет порталот http://konkursi.mon.gov.mk, почнувајќи од 15.10.2018 до 26.10.2018 година.
Пред започнување со електронското пријавување, задолжително да ги комплетирате сите потребни документи од точка III на овој Конкурс.

III. МЕСТО И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ

Учениците, кои се пријавиле електронски на конкурсот, до Министерството за образование и наука на ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје, од 15.10.2018 до 26 .10.2018, од 09-15 часот, ги доставуваат следните документи:

1. Евидентен лист;
2. Потврда дека е редовен ученик во учебната 2018/2019 година;

3. Идентификационен број од успешно пополнета електронската пријава;

4. Заверени на нотар фотокопии од свидетелствата за завршени претходни години на образованието (кандидатите од I година доставуваат свидетелства од VI-IX одделение);

5. Заверени на нотар фотокопии од дипломи за освоени награди на државни и/или меѓународни натпревари;

6. Потврди за остварена плата на вработените членови на семејството за месец септември 2018 година или доколку за овој месец не е исплатена плата да се достави потврда за последната исплатена плата; за пензионираните членови на семејството да се достави документ за висина на пензија-чек; за разведени родители да се достави доказ за разводот и доколку кандидатот прима алиментација истата да се прикаже како месечен приход; за корисници на социјална помош да доставуваат последно решение или последен чек; за инвалидитет да се достави лекарска белешка; додека за браќа/сестри на кандидатот, кои се ученици/студенти, се доставува потврда од училиштето, односно факултетот или друга институција;

7. Изјава потпишана од родител-старател дека кандидатот не е корисник на друга стипендија, објавена на следниот линк;

8. Изјава потпишана од родител-старател дека доставените документи се вистинити и податоците во нив се идентични со оние податоци внесени во електронската пријава, објавена на следниот линк ;

9. Изјава потпишана од родител-старател за обработка на личните податоци на кандидатот и неговото потесно семејство (родители-старатели, браќа, сестри), со која се сложува Министерството за образование и наука по службена должност да ги обезбеди потребните документи од јавни институции со кои има склучено договори за соработка, објавена на следниот линк;

Министерството за образование и наука по службен пат, согласно Правилникот за образецот на барањето за сместување во ученички дом и образецот на барањето за доделување стипендија, со потребната документација („Службен весник на Република Македонија” бр.189/16), ќе го обезбеди следниот документ:

-Уверение од Управата за јавни приходи, за остварени годишни приходи по разни основи за претходната година (приходи од самостојна дејност, приходи од вршење земјоделска дејност, приходи од имот и имотни права, приходи од капитал, капитални добивки, добивки од игри на среќа и други наградни игри, други приходи) за двајцата родители – старатели, брат/сестра на кандидатот

-потврда дека се невработени или примаат/не примаат паричен надоместок невработените членови на потесното семејство од Агенцијата за вработување на Република Македонија;

-извод на родени за брат/сестра под 6 годишна возраст, како и извод на умрените за починат родител од Управата за водење на матични книги;

-уверение за државјанство на Република Македонија од Министерството за внатрешни работи.

Кандидатите нема да бидат рангирани ако доставената документација е:

-некомплетна и/или

-ненавремено доставена.

Наградите-дипломите каде што нема прецизно утврдено освоено место, односно награди-дипломи и пофалници за учество на натпревари без освоено место, наградите-дипломите кои не се освоени во претходните две учебни години за учениците од I година, или во претходната учебна година кај учениците од II, III и IV година нема да се земат во предвид.

Кандидатите нема да бидат рангирани ако Комисијата утврди дека податоците кои се внесени во електронската пријава не се идентични со податоците од доставената документација.

Комисијата може да утврди дополнителни критериуми доколку има повеќе кандидати со ист број на бодови.

Списокот со избраните кандидати ќе бидe објавен на 30.11.2018 година на интернет страницата на Министерството.

Се задолжуваат сите добитници на стипендии по објавувањето на списокот, а најдоцна до 25 декември 2018 година да го потпишат договорот за стипендија со Министерството за образование. Сите кандидати кои нема да го почитуваат овој рок ќе се смета дека се откажуваат од стипендијата.


IV. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА

Висината на стипендијата ќе изнесува 2.200,00 денари месечно за девет месеци во текот на учебната година.

 




 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

zamenik-petar-mk

Заменик министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo

мостови

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook