Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управа (,,Службен весник на Република Македонија “бр.58/00,44/02,82/08,167/10 и 51/11), член 51 од Законот за студентски стандард („Службен весник на Република Македонија“ бр.15/13, 30/13, 120/13, 41/14, 146/15, 30/16, 178/16 и 64/2018), Одлука за доделување на стипендии на странски државјани од интерес за Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.165/18), Министерството за образование и наука распишува

Kонкурс за доделување на студентските стипендии за странски државјани кои се од интерес за Република Македонија за студиската 2018/2019 година

1. Се доделуваат 50 студентски стипендии на странски државјани кои се од интерес за Република Македонија, а се со македонско потекло и живеат во Албанија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Косово, Турција, Романија, Црна Гора и Грција), согласно Одлуката на Владата на Република Македонија бр. 44-7686/1 од 29.08.2018 година („Службен весник на РМ" бр. 165 од 06.09.2018").

2. Стипендијата се доделува за додипломски студии од прв циклус колку што се предвидени со статутот на високообразовната установа во Република Македонија (Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, Универзитет „Св. Климент Охридски“ Битола, Универзитет „Гоце Делчев“ Штип, Универзитет „Мајка Тереза“ Скопје и Универзитет за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ Охрид).

3. На корисникот на стипендија целосно му се надоместуваат трошоците за студирање: уписнина, бесплатно сместување и исхрана во студентски дом, месечна стипендија, примарно здравствено осигурување, трошоци за издавање и продолжување на дозвола за привремен престој на странец заради студирање. Министерството за образование и наука определува во кој студентски дом ќе се смести кандидатот кој се стекнал со право на стипендија.

4. За подетални информации за условите и потребните документи за конкурирање, кандидатите можат да се обратат до дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во горенаведените држави. Пријавите и потребните документи се доставуваат до дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија, кои се во државата во која кандидатот живее, најдоцна до 25септември 2018 година.

Пријавите кои ќе пристигнат по крајниот рок, како и некоплетните пријави, нема да бидат земени предвид.

5. Заинтересираните кандидати во прилог на пријавата треба да ги достават следните документи:

  • CV (кратка биографија) и мотивационо писмо со образложение зошто кандидатот сака да се образува во РМ, на кој факултет сака да студира и други две алтернативи за избор на друг факултет;
  • Извод од матичната книга на родените со впишана етничка определба како Македонец/Македонка. Доколку, од оправдани причини во изводот нема таква ознака, кандидатот е потребно да приложи друг документ со кој ќе го докаже своето етничко потекло;
  • Фотокопија од свидетелство за завршено четиригодишно средно образование со превод и објаснување кои оценки се соодветни на оценките во нашиот систем (т.е. одличен, многу добар, добар, доволен). ПОТСЕТУВАМЕ: се бара фотокопија со цел да не бидат спречени кандидатите да аплицираат на факултети во резидентните или други земји.

Министерството за образование и наука го задржува правото на избор на факултет од алтернативите наведени од страна на кандидатите во нивните пријави. Дополнително, треба да се има предвид дека не е овозможено право на избор на студентски дом за сместување и дека тоа е право исклучиво на Министерството за образование и наука. Исто така, кандидатите кои ќе се стекнат со стипендија потребно е лично да ги доставуваат документите за продолжување на правото за користење на стипендијата во МОН.

            Трошоците за нострификација на дипломите паѓаат на товар на студентите. Потребно е барањето за нострификација на документите да се поднесе најдоцна во рок од пет дена од објавувањето на конечната листа на добитниците на стипеднијата до одделението за нострификација во МОН со цел навремено завршување на постапката и овозможување на следење на редовна настава. За подетални информации околу процедурата за нострификација упатуваме на официијалната страна на МОН www.mon.gov.mk мени: документи, подмени: нострификација.

5. Кандидатот кој ќе се стекне со право на стипендија ја користи стипендијата врз основа на склучен договор со Министерството за образование и наука со кој се уредуваат меѓусебните права и обврски помеѓу давателот и корисникот на стипендијата.

6. Кандидатите кои се стекнале со право на стипендија ќе бидат известени од дипломатско-конзуларните претставништва на Министерството за надворешни работи на Република Македонија, кои се во државата во која кандидатот живее.

8. За подетално Информирање во врска со факултетите и студиските програми упатуваме на интернет страниците: www.ukim.edu.mkwww.uklo.edu.mkwww.ugd.edu.mkwww.uist.edu.mk,www.unite.edu.mkwww.unt.edu.mk и www.mon.gov.mk.

Избраните кандидати кои нема да пристигнат во Република Македонија до 10 Октомври 2018 година, ќе се смета дека се откажале од добиената стипендија.

Лице за контакт во МОН е Ајтен Иљази со маил адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. .

           

           Prijava_za_Stipendii_.pdf

 

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

zamenik-petar-mk

Заменик министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook