Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Македонија“бр.58/00, 44/02 88/08,167/10 и 51/2011) и член 10 од Правилникот за постапката и поблиските критериуми за софинансирање на издавачката дејност („Службен Весник на Република Македонија, бр.82/09 и 25/11), Правилникот за обрасците на барањата за доделување на средства за стипендии за академски студии од втор и трет циклус на студии, последипломски студии, еднократни средства за изработка на магистерски и докторски трудови, творечки дејности, организација на научни собири, учество на домашни научни истражувачи на меѓународни научни собири и објавен научно-истражувачки труд („Службен весник на Република Македонија, бр. 169 од 06.09.2016 година “) министерот за образование и наука донесе


КОНКУРС
ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ЕДНОКРАТНИ ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА ЗА ОБЈАВЕН НАУЧНО-ИСТРАЖУВАЧКИ ТРУД ЗА 2017 година

    Министерството за образование и наука ке додели финансиски средства за објавени научно-истражувачки трудови од домашни автори во меѓународни научни списанија со фактор на влијание (импакт фактор). Согласно овој конкурс меѓународно списание е списание кое има меѓународен  уредувачки одбор.

Со конкурсот се предвидува:

Да се доделат финансиски средства во висина од 30.000,00 денари за 300 научно-истражувачки труда.

Конкурсот важи за труд објавен во 2017 година и ќе трае до 01 декември 2018 година.      

Министерството го задржува правото за дополнителен избор доколку се пријават повеќе од предвидениот број трудови за коишто ќе се доделат одредени средства, како и да додели помал број на еднократни финансиски средства од предвидените.

Министерството ќе доделува финансиски средства на подносителот на трудот. Во случај кога трудот има повеќе автори (баратели на финансиски средства) барателот доставува изјава потпишана од сите автори на кој автор ќе му бидат исплатени финансиските средства.

Барањето со пропратната документација ја поднесува субјектот за вршење на научно-истражувачка дејност во кој е вработен авторот  на домашен научно-истражувачки труд објавен во меѓународно научно списание.

Потребни документи за пријавување на Конкурсот:

Пополнетo барање,
-  Копија од објавениот научно-истражувачки труд од домашен автор во меѓународно научно списание со фактор на влијание (импакт фактор),
- Копија од страницата на меѓународното научно списание каде е наведен насловот, годината и бројот на списанието; уредувачкиот одбор и издавачот на списанието во кое е објавен научно-истражувачкиот труд,
-   насловна страна на списанието/документ за висината на факторот на влијание (импакт факторот според Web of Science) за меѓународното списание за 2017 година) и
 - Копија од фактура, односно уплатница за печатење на трудот, поднесена од страна на субјектот, или изјава
Изјава за користење лични податоци
Изјава за доделување или распределба на финансиските средства на барателите.

Ненавремено или некомплетно барање нема да се разгледува.

Еднократните финансиски средства за оваа намена ќе се обезбедат со средства од Буџетот на Република Македонија за 2018 година.

Барањето со упатството за потребната пропратна документација може да се добие во Министерството за образование и наука или на интернет страницата на Министерството ( www.mon.gov.mk).

Документите по основ на конкурсот во 3 примероци со назнака „Конкурс за објавен труд со фактор на влијание„ да се достават на адресата или во писарницата на:

Министерство за образование и наука
Ул.”Св.Кирил и Методиј” бр.54 1000 Скопје

Дополнителни информации за конкурсот можат да се добијат во Министерството за образование и наукa.

Контакт лице: Александар Петров телефон  02/3140-187 и

e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., канцеларија 1412
и Олга Дуковска Атов телефон  02/3140-185 и
e-mail: оОваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., канцеларија 1410

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

zamenik-petar-mk

Заменик министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo

мостови

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook