Доделените стипендии се однесуваат за додипломски студии на некој од јапонските универзитети.
 
Времетраење: април 2019 - март 2024 година, вклучувајќи го и времето од една година за изучување на јапонскиот јазик.
 
Област на студии: кандидатите мора да одберат студии од (1) областа на Општествените и хуманистичките науки или (2) од областа на Природните науки, како што е наведено во упатството за аплицирање.
 
Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следните услови:
1.    да се државјани на Република Македонија;
2.    да се родени помеѓу 2 април 1994 година и 1 април 2002 година;  
3.    да имаат завршено 12 години редовно образование (основно и средно) или да имаат завршено во училиште кое е еквивалентно на средно училиште во Јапонија (да матурираат до март 2019 година);
4.    да се согласни да го изучуваат јапонскиот јазик.
 
Стипендијата вклучува:  
1.    месечен надоместок: ~117.000 јапонски јени/месец (~860 евра/месец);
2.    авионски билет (Македонија – Јапонија - Македонија);
3.    школарина.
 
Потребни документи за конкурирање во ПРВАТА ФАЗА:  
 
Пријава (веб страница на МОН);

1. Пополнета апликација (веб страница на МОН) и две (2) оригинални фотографии (4, 5 x 3, 5 см);

2. Сведителства за последните 3 академски години (оригинал или фотокопија заверена на нотар) и нивен превод на англиски јазик од овластен судски преведувач;

3. Диплома за положена државна матура (или потврда издадена и потпишана од директорот на училиштето, во која ќе биде наведено дека кандидатот е редовен ученик во завршна година од  средното образование и истиот ќе матурира до крајот на јуни 2018 година - оригинал или фотокопија заверена на нотар) и нејзин превод на англиски јазик од овластен судски преведувач; 

4. Препорака од директор или педагог/психолог од училиштето кое што кандидатот последно го посетувал, на англиски јазик (слободен формат или на терк достапен на веб страницата на МОН);

5. Потврда дека кандидатот е запишан на факултет (за кандидати кои во време на аплицирањето се запишани на факултет - оригинал или фотокопија заверена на нотар) и нејзин превод на англиски јазик од овластен судски преведувач; 

6. Потврда за положен приемен испит на факултет (доколку постои - оригинал или фотокопија заверена на нотар) и нејзин превод на англиски јазик од овластен судски преведувач;

7. Сертификат за познавање на англискиот јазик.
 
Сите документи се поднесуваат во  2 примероци (1 оригинал и 1 обична фотокопија) во архивата на Министерството за образование и наука (поранешна зграда на Нова Македонија – приземје) или по пошта на адреса: Министерство за образование и наука, Сектор за меѓународна соработка, ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје.
 
Потребните документи за поднесување на кандидатитурите, како и подетални информации може да се најдат подолу:

- 2019 Application Form For Japanese Government MEXT Scholarship Undergraduate Students

- 2019 Application Guidelines For Japanese Government MEXT Scholarship Undergraduate Students

- 2019 Notes for applicants Undergraduates

- Конкурс, MONBUKAGAKUSHO, додипломски студии 2019-2024

- MEXT Scholarship Recommendation Form Undergraduates

- Пријава
 
Лице за контакт: Јулијана Балевска, Сектор за меѓународна соработка, e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. тел: +389 2 3140
186.
 
Краен рок за пријавување: 31 мај 2018 година

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

zamenik-petar-mk

Заменик министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo

мостови

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 Untitled-Banner 1

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook