Врз основа на член 3 од Протоколот меѓу Министерството за образование и наука на Република Македонија и Министерството за образование, наука и спорт на Република Словенија, за соработка во областа на образованието, потпишан на 23 февруари 2016 година во Љубљана, Министерството за образование и наука на Република Македонија распишува

К О Н К У Р С
за доделување на стипендии  за изучување на словенечки јазик и студиско усовршување во Република Словенија
за академската 2018/2019 година

1. Три (3) едносеместрални стипендии (секоја по четири месеци) за студенти по словенечки јазик од Република Македонија;

2. Дваесет и четири (24) месеци стипендии за студиско усовршување на високообразовните установи во Република Словенија, со поединечно траење од 3-6 месеци, за кандидати до 26 годишна возраст.

3.  Две (2) стипендии со траење од две седмици, за посета на летниот курс по словенечки јазик  за студенти по словенечки јазик од Република Македонија.

Потребна документација за пријавување:

1.    Образец за пријавување;

2.    Копија од диплома или заверен препис на нотар;

3.    Копија од  пасош (со страната на фотографија):

4.    Оригинална потврда (писмо за прифаќање) потпишана и заверена од страна на словенечка високообразовна установа за прием на студенти за размена;

5.    Една препорака од страна на домашната установа за размена на студенти;

6.    Две препораки од страна на домашната установа за истражувачки престој

Кандидатите потребно е да ги пополнат и да ги испечатат обрасците кои се во прилог  на овој конкурс. Обрасците  може да се најдат на следниов линк:

http://eng.cmepius.si/programmes/bilateral-scholarships/

Пополнетите обрасци, испечатени, заедно со потребната документација, во три примероци, се доставуваат до Министерството за образование и наука, ул. Кирил и Методиј, бр. 54, Скопје.

Кандидатите кои ќе се пријават за студиски престој потребно е да го познаваат словенечкиот јазик, освен ако со менторот, односно претпоставениот не се договорат да користат друг работен јазик.

Здравственото осигурување на прифатените кандидати е врз основа на Договорот за социјално осигурување меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Словенија, („Службен весник на Република Македонија“), бр. 13/1999.

Краен рок за доствување на апликациите е 1 март 2018 година.

Подетални информации можат да се добијат во Министерството за образование и наука, ул. Кирил и Методиј, бр. 54, Скопје, тел. 076 485 044, лице за контакт Билјана Василеска, на веб страницата на Министерството за образование и наука (http://www.mon.gov.mk). и на  e-mail Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

                                                                

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

zamenik-petar-mk

Заменик министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo

мостови

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 Untitled-Banner 1

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook