Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Македонија“ бр.58/00, 44/02, 82/08, 167/10 и 51/11),  член 51 од Законот за студентски стандард („Службен весник на Република Македонија“ бр. 15/13, 30/13, 120/13, 41/14 , 146/15, 30/16 и 178/16 ),  Правилникот за начинот на доделување на студентските стипендии за странски државјани кои се од интерес за Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 169/13 и 9/17) и Одлуката на Владата на Република Македонија за доделување на стипендии кои од интерес за земјата („Службен весник на РепубликаМакедонија“ бр. 100/17). Министерството за образование и наука распишува

Kонкурс за доделување на студентските стипендии за странски државјани кои се од интерес за Република Македонија за студиската 2017/2018 година

 

1. Се доделуваат 12 (дванаесет) студентски стипендии на странски државјани кои се од интерес за Република Македонија, студенти со македонскo потекло кои живеат во државите на Балканскиот полуостров, согласно Одлуката на Владата на Република Македонија бр. 44-4305/1 од 03.08.2017 година („Службен весник на Република Македонија“ бр. 100/17).

2. Стипендијата се доделува за вкупно семестри за додипломски студии од прв циклус колку што се предвидени со статутот на високообразовната установа во Република Македонија (Универзитет Св. Кирил и Методиј“ Скопје, Универзитет „Св. Климент Охридски“ Битола, Универзитет „Гоце Делчев“ Штип, Универзитет „Мајка Тереза“ Скопје, Универзитетот во Тетово и Универзитет за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ Охрид)“.

3. На корисникот на стипендија целосно му се надоместуваат трошоците за студирање: уписнина, бесплатно сместување и исхрана во студентски дом, месечна стипендија, примарно здравствено осигурување, трошоци за издавање и продолжување на дозвола за привремен престој на странец заради студирање. Министерството за образование и наука определува во кој студентски дом ќе се смести кандидатот кој се стекнал со право на стипендија.

4. На корисникот на стипендија, кој не го познава македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, му се надоместуваат трошоците за изучување на македонскиот јазик и писмо надолго за период до една година

5. За подетални информации за условите и потребните документи за конкурирање, кандидатите можат да се обратат до дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во државите од Балканскиот полуостров или во Министерството за образование и наука. Пријавите и потребните документи се доставуваат до дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија кои се во државата во која кандидатот живее или до Министерство за образование и наука.

6. Конкурсот е отворен до пополнување на вкупниот број на стипендии, но најдоцна од 31 декември 2017 година.
Напоменуваме дека пријавите кои ќе пристигнат по крајниот рок, како и некоплетните пријави, нема да бидат земени во предвид.

7. Кандидатот кој ќе се стекне со право на стипендија ја користи стипендијата врз основа на склучен договор со Министерството за образование и наука со кој се уредуваат меѓусебните права и обврски помеѓу давателот и корисникот на стипендијата.

8. Кандидатите кои се стекнале со право на стипендија ќе бидат известени од дипломатско-конзуларните претставништва на Министерството за надворешни работи на Република Македонија, кои се во државата во која кандидатот живее или од Министерство заобразование и наука.

- Информации за кандидатите

- Пријава за стипендии

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

baner2 Foto novo

мостови

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 Untitled-Banner 1

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook