Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 58/00, 44/02, 82/08, 167/10 и 51/11), член 54 став 3 од Законот за ученички стандард („Службен весник на Република Македонија“ бр.52/05, 117/08, 17/11, 135/11, 15/13, 41/14, 146/15 и 30/16 ) и Решение за распишување на Kонкурс за доделување стипендии на ученици Роми од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија за учебната 2017/18 бр. 23-13229/1 од 03.11.2017 година, Министерството за образование и наука, распишува


КОНКУРС
за доделување на стипендии во пет категории за ученици Роми запишани во прва, втора, трета и четврта година од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија за учебната 2017/2018 година


Министерството за образование и наука со финансиска поддршка од Ромскиот образовен фонд од Будимпешта за учебната 2017/2018 година ќе додели 752 (седумстотини педесет и две) стипендии во пет категории за ученици Роми запишани во прва, втора, трета и четврта година од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија.


I.    УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА


Во учебната 2017/18 година се доделуваат вкупно 752 стипендии во пет категории, од кои 353 стипендии се предвидени за средношколци Роми корисници на стипендии од учебната 2016/17 година кои го задржале просекот од минимум 3.00; 329 стипендии за нови средношколци Роми кои не биле корисници на стипендии во учебната 2016/17 година и 70 стипендии за средношколци Роми со постигнат успех од 2.00 до 2.99 во последната учебна година, од пет општини предвидени подолу со Конкурсот.

(1.)    353 (триста педесет и три) стипендии се предвидени за средношколци Роми корисници на стипендии од учебната 2016/17 година кои го задржале просекот од минимум 3.00 во следните категории:
1.    Во првата категорија се доделуваат вкупно 107 стипендии за средношколци Роми кои биле стипендисти во учебната 2016/17 година во висина од 2.200,00 денари месечно по ученик за  постигнат просек од 4.50 до 5.00 во последната учебна година;
2.    Во втората категорија се доделуваат 155 стипендии за средношколци Роми кои биле стипендисти во учебната 2016/17 година во висина од 1.500,00 денари месечно по ученик за постигнат просек од 3.50 до 4.49 во последната учебна година;
3.    Во третата категорија се доделуваат 74 стипендии за средношколци Роми кои биле стипендисти во учебната 2016/17 година во висина од 1.000,00 денари месечно по ученик за постигнат просек од 3.00 -  3.49 во последната учебна година;
4.    Во четвртата категорија се доделуваат 17 стипендии за средношколци Роми кои биле стипендисти во учебната 2016/17 година во висина од 1.000,00 денари месечно за ученици со посебни образовни потреби кои имаат постигнат успех од најмалку 3.00 во последната учебна година;

(2.)    329 (триста дваесет и девет) стипендии се доделуваат на средношколци Роми од јавните и приватните средни училишта во Р. Македонија кои не биле корисници на стипендија во учебната 2016/17 година во следните категории:
1. Во првата категорија се доделуваат вкупно 80 стипендии за средношколци Роми во висина од 2.200,00 денари месечно по ученик за  постигнат просек од 4.50 до 5.00 во последната учебна година;
2.    Во втората категорија се доделуваат вкупно 100 стипендии за средношколци Роми во висина од 2.200,00 денари месечно по ученик за  постигнат просек од 3.50 до 4.49 во последната учебна година;
3.    Во третата категорија се доделуваат 106 стипендии за средношколци Роми во висина од 1.000,00 денари месечно по ученик за постигнат просек од 3.00 -  3.49 во последната учебна година;
4.    Во четвртата категорија се доделуваат 43 стипендии за средношколци Роми во висина од 1.000,00 денари месечно за ученици со посебни образовни потреби кои имаат постигнат успех од најмалку 3.00 во последната учебна година;

(3.)    70 стипендии се доделуваат во петтата категорија на средношколци Роми од пет општини од јавните и приватните средни училишта во Р. Македонија во висина од 600,00 денари по ученик за  постигнат просек од 2.00 до 2.99 во псоледната учебна година:


II.    КРИТЕРИУМИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА

За учениците Роми од прва, втора, трета и четврта категорија  стипендиите ќе се доделат согласно следните критериуми:

1) да се редовни ученици запишани во прва, втора, трета и четврта година во јавните и приватните средни училишта во Република Македонија;
2) да не повторувале во претходната учебна година;
3) да не се корисници на стипендија од други институции/установи или фирми;
4) да се припадници на Ромската заедница и
5) да се државјани на Република Македонија.

Петтата категорија ги опфаќа учениците Роми  кои имаат постигнат општ успех од оцените од 2.00 до 2.99 во претходната учебна година, за кои стипендиите се доделуваат согласно следните критериуми:

1) да се редовни ученици запишани во прва, втора, трета и четврта  година во приватните и државните средни училишта и да се со официјално живеалиште од следните општини: Шуто Оризари, Прилеп, Куманово, Тетово, и Штип;
2) предност при селекција на стипендиите од петтата категорија ќе имаат кандидатите кои се запишани и учат во прва и втора година. Доколку не се пополни предвидениот број на стипендии за секоја општина со кандидати од прва и втора година, тогаш стипендии во рамките на оваа категорија ќе се доделат и на кандидати кои учат во трета и четврта година;
3) да не повторувале во претходната учебна година;
4) да не се корисници на стипендија од други институции/установи или фирми;
5) да се припадници на Ромската заедница и
            6) да се државјани на Република Македонија.

При селекцијата на стипендии за прва, втора, трета, четврта и петта категорија предност имаат кандидатите кои имаат повисок општ успех од оцените.


III.    МЕСТО И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ

Учениците кои се пријавуваат по Конкурсот, потребно е до Министерството за образование и наука/Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците, ул. Св.Кирил и Методиј бр. 54 – Скопје, најдоцна до 30.11.2017 година да ги достават следните документи:

1.    Барање за стипендија (линк до документот);
2.    Оригинал пријава (не копија) за стипендирање на средношколци Роми (линк до документот);
3.    Оригинал потврда дека е редовен ученик во учебната 2017/2018 година;
4.    Заверена фотокопија кај нотар од свидетелство од последната учебна година на школување;
5.    Изјава дека кандидатот не е корисник на друга стипендија (линк до документот);
6.    Изјава на кандидатот дека е припадник на ромската етничка заедница (линк до документот);
7.    Копија од уверение за државјанство на Р. Македонија;
8.    Согласност за користење на лични податоци; (линк до документот)
9.    Согласност за копирање и употреба на лична карта; (линк до документот)
10.    Копија од трансакциска сметка од банка на име на ученикот;
11.    Копија од лична карта на родител/старател за учениците кои аплицираат за стипендија за петта категорија.

Ненавремената и некомплетната документација нема да се разгледува во процесот и истата нема да влезе во конкуренција со останатите кои се пријавиле на конкурсот.


IV.    ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА

Висината на стипендијата е наведена за секоја категорија посебно и тоа:

Прва категорија: Стипендии за талентирани средношколци Роми.
Оваа категорија на стипендија ќе ги опфати учениците Роми кои учат во 1ва, 2ра, 3та и 4та година, а покажуваат одлични резултати со успех од 4.50 до 5.00. Во оваа категорија на стипендии за учебната 2017/18 година ќе бидат доделени вкупно 187 (107 стипендии за корисници од учебната 2016/17 година и 80 стипендија за нови корисници) стипендии. Висината на стипендијата за прва категорија изнесува 2,200.00 денари месечно за девет месеци за една учебна година.

Втора категорија: Стипендии за ученици со успех од 3.50 до 4.49
Втората категорија на стипендија ќе ги опфати учениците Роми кои учат во 1ва, 2ра, 3та и 4та година, а покажуваат многу добри резултати со успех од 3.50 до 4.49. Во оваа категорија на стипендии за учебната 2017/18 година ќе бидат доделени вкупно 255 (155 стипендии за корисници од учебната 2017/18 година и 100 стипендија за нови корисници) стипендии. Висината на стипендијата за втора категорија изнесува 1,500.00 денари месечно за девет месеци за една учебна година.

Трета категорија: Стипендии за ученици со успех од 3.00 до 3.49
Третата категорија на стипендија ќе ги опфати учениците Роми кои учат во 1ва, 2ра, 3та и 4та година, а покажуваат добри резултати со успех од 3.00 до 3.49. Во оваа категорија за учебната 2017/18 година ќе бидат доделени вкупно 180 (74 стипендија за корисници од учебната 2016/17 година и 106 стипендии за нови корисници) стипендии. Висината на стипендијата за трета категорија изнесува 1,000.00 денари месечно за девет месеци за една учебна година.

Стипендиите од првите три категории кои нема да бидат доделени се префрлаат за доделување во друга категорија во рамките на трите категории.


Четврта категорија: Стипендии за ученици со посебни образовни потреби
Четвртата категорија на стипендија ќе биде наменета за ученици со посебни образовни потреби. Во оваа категорија на стипендии за учебната 2017/18 година ќе бидат доделени вкупно 60 (17 стипендии за корисници од учебната 2016/17 година и 43 стипендии за нови корисници) стипендии. Висината на стипендијата за четвратата категорија изнесува 1,000.00 денари месечно за девет месеци за една учебна година.

Петта категорија: Мотивирачка стипендија за ученици со просек од 2.00 до 2.99
Петтата категорија на стипендија ќе се додели на ученици Роми кои во претходната учебна година имаат постигнат општ успех од оцените од 2.00 до 2.99. Во оваа категорија за учебната 2017/18 година ќе бидат доделени вкупно 70 стипендии. Висината на стипендијата за петтата категорија изнесува 600.00 денари месечно за девет месеци за една учебна година. Петтата категорија на стипендија ќе се додели на ученици кои имаат официјално живеалиште  во една  од следните општини: Шуто Оризари (35 стипендии), Прилеп (12 стипендии), Куманово (11 стипендии), Тетово (6 стипендии), и Штип (6 стипендии). Предност при селекција на стипендиите од петтата категорија ќе имаат кандидатите кои се запишани и учат во 1ва и 2ра година. Доколку не се пополни предвидениот број на стипендии за секоја општина со кандидати од 1ва и 2ра година, тогаш стипендии во рамките на оваа категорија ќе се доделат и на кандидати кои учат во 3та  и 4та година.

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

zamenik-petar-mk

Заменик министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo

мостови

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 Untitled-Banner 1

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook