Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управата („Службен весник на Република Македонија” бр.58/00, 44/02, 82/08, 167/10 и 51/11), член 54 од Законот за ученичкиот стандард („Службен весник на Република Македонија” бр. 52/05, 117/08, 17/11, 135/11, 15/13, 41/14, 146/15 и 30/16) и Решение за распишување Конкурс за доделување 80 (осумдесет) стипендии за ученици – деца без родители од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија за учебната 2017/2018 година, Министерството за образование и наука распишува

КОНКУРС
за доделување 80 (осумдесет) стипендии за ученици – деца без родители од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија
за учебната 2017/2018 година

Министерството за образование и наука за учебната 2017/2018 година ќе додели 80 (осумдесет) стипендии за ученици – деца без родители од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија.

 I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА

Право на стипендија имаат кандидатите кои учат во јавните и приватните средни училишта во Република Македонија, а ги исполнуваат следните услови:
1. да се редовни ученици од I година, кои во текот на основното образование постигнале успех од најмалку 3,00;
2. да се редовни ученици од II, III и IV година, кои во текот на средното образование постигнале успех од најмалку 3,00;
3.да имаат потврда од надлежен Центар за социјални грижи, потврда од домот каде што е згрижен или друга соодветна документација со која ќе докажат дека се деца без родители;
4. да не повторувале година во текот на образованието;
5. да не се корисници на стипендија од други институции или фирми;
6. да се државјани на Република Македонија.

Критериуми за доделување на стипендиите се остварениот успех, при што еден ученик може да добие најмногу до 100 бодови.
    
II. НАЧИН, МЕСТО И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ

Учениците, кои ги исполнуваат условите од конкурсот, потребно е во Министерството за образование и наука, ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје), од 20.10.2017 година до 3.11.2017 година, од 09-15 часот, да ги донесат следните документи:

1. Евидентен лист;
2. Потврда дека е редовен ученик во учебната 2016/2017 година;
3. Копии од свидетелствата за завршени претходни години на образованието (кандидатите од I година доставуваат свидетелства од VI-IX одделение);
4. Потврда од надлежен Центар за социјални грижи, потврда од домот каде што е згрижен или друга соодветна документација со која ќе докажат дека се деца без родители;
5. Изјава потпишана од старател дека кандидатот не е корисник на друга стипендија, објавена на интернет порталот http://stipendii.mon.gov.mk;
6. Изјава потпишана од старател за обработка на личните податоци на кандидатот и неговото потесно семејство (родители-старатели, браќа, сестри), со која се сложува Министерството за образование и наука по службена должност да ги обезбеди потребните документи од јавни институции со кои има склучено договори за соработка, објавена на интернет порталот http://stipendii.mon.gov.mk;

Конечниот список со избраните кандидати ќе бидe објавен на 01.12.2017 година на интернет порталот http:// konkursi.mon.gov.mk.

Министерството за образование и наука по службен пат, согласно Правилникот за образецот на барањето за сместување во ученички дом и образецот на барањето за доделување стипендија, со потребната документација („Службен весник на Република Македонија” бр.189/16), ќе го обезбеди следниот документ:

-уверение за државјанство на Република Македонија од Министерството за внатрешни работи.

Кандидатите нема да бидат рангирани ако доставената документација е:

-некомплетна и

-ненавремено доставена.

Со поднесување на бараните документи на кандидатите им се препорачува да достават и копија од трансакциска сметка на која би ги добивале парите во случај да добијат стипендија.

Учениците кои ќе добијат стипендија, по барање на Министерството за образование и наука, ќе треба да ги достават оригиналните свидетелства на увид.

III. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА

Висината на стипендијата ќе изнесува 2.750,00 денари месечно за девет месеци во текот на учебната година.

Учениците кои ќе добијат стипендија ќе склучат договор со Министерството за образование и наука со кој ќе се уредат правата и обврските.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА

МИНИСТЕР

Рената Дескоска                                     
  

ministerka-slika-mk-2

Министер за образование и наука

zamenik-mk

Заменик Министер за образование и наука 

 

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo

strategija-prepriemachko

SDIS v2

 

mon_slika.jpg

 

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 Untitled-Banner 1

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook