1. Се доделуваат 50 студентски стипендии на странски државјани кои се од интерес за Република Македонија, а се со македонско потекло и живеат во Албанија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Косово, Турција, Романија, Црна Гора и Грција), согласно Одлуката на Владата на Република Македонија бр. 44-4305/1 од 03.08.2017 година („Службен весник на Република Македонија“ бр. 99/17).

2. Стипендијата се доделува за додипломски студии од прв циклус колку што се предвидени со статутот на високообразовната установа во Република Македонија (Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, Универзитет „Св. Климент Охридски“ Битола, Универзитет „Гоце Делчев“ Штип, Универзитет „Мајка Тереза“ Скопје и Универзитет за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ Охрид).

3. На корисникот на стипендија целосно му се надоместуваат трошоците за студирање: уписнина, бесплатно сместување и исхрана во студентски дом, месечна стипендија, примарно здравствено осигурување, трошоци за издавање и продолжување на дозвола за привремен престој на странец заради студирање. Министерството за образование и наука определува во кој студентски дом ќе се смести кандидатот кој се стекнал со право на стипендија.

4. За подетални информации за условите и потребните документи за конкурирање, кандидатите можат да се обратат до дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во горенаведените држави. Пријавите и потребните документи се доставуваат до дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија, кои се во државата во која кандидатот живее, најдоцна до 18 август 2017 година.

Напоменуваме дека пријавите кои ќе пристигнат по крајниот рок, како и некоплетните пријави, нема да бидат земени во предвид.

5. Кандидатот кој ќе се стекне со право на стипендија ја користи стипендијата врз основа на склучен договор со Министерството за образование и наука со кој се уредуваат меѓусебните права и обврски помеѓу давателот и корисникот на стипендијата.

6. Кандидатите кои се стекнале со право на стипендија ќе бидат известени од дипломатско-конзуларните претставништва на Министерството за надворешни работи на Република Македонија, кои се во државата во која кандидатот живее.


- Одлука за доделување стипендии на странски државјани од интерес за Република Македонија

- Информации за кандидатите

- Пријава за стипендии



Изменување и дополнување на конкурсот за доделување на студентските стипендии за странски државјани кои се од интерес за Република Македонија за студиската 2017/2018 година

1.    Во Конкурсот за доделување на студентските стипендии за странски државјани кои се од интерес за Република Македонија за студиската 2017/2018 година објавен на веб страната на МОН на 04.08.2017 година, точката 2 се менува и гласи:    
„2. Стипендијата се доделува за вкупно семестри за додипломски студии од прв циклус колку што се предвидени со статутот на високообразовната установа во Република Македонија (Универзитет Св. Кирил и Методиј“ Скопје, Универзитет „Св. Климент Охридски“ Битола, Универзитет „Гоце Делчев“ Штип, Универзитет „Мајка Тереза“ Скопје, Универзитетот во Тетово и Универзитет за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ Охрид)“.

2. По точката 3 се додава нова точка „3-а“ која гласи:    
„3-а На корисникот на стипендија, кој не го познава македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, му се надоместуваат трошоците за изучување на македонскиот јазик и писмо надолго за период до една година“.

3. Во точката 4, по зборовите „на Република Македонија во горенаведените држави“ се додаваат зборовите „и на веб страната на Министерството за образование и наука www.mon.gov.mk “.



Министерство за образование и наука

ministerka-slika-mk-2

Министер за образование и наука

zamenik-mk

Заменик Министер за образование и наука 

 

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo

strategija-prepriemachko

SDIS v2

 

mon_slika.jpg

 

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 Untitled-Banner 1

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook