Конкурс за доделување на стипендии за последипломски студии од Министерството за образование, култура, спорт, наука и технологија (Monbukagakusho: MEXT) на Јапонија за 201- 2020година

Доделените стипендии се наменети за усовршување или последипломски студии.

а) Усовршување: времетраењето на стипендиите е 2 години (април 2018 година - март 2020 година) или 1,5 години (октомври 2018 година - март  2020 година).

б) Последипломски студии - магистратура или докторат (април или октомври 2018година).

Првите шест месеци од престојот се посветени на изучување на јапонскиот јазик.

Стипендиите се однесуваат за усовршување или последипломски студии во сите научни области. На кандидатите не им е дозволено да се усовршуваат или да ги реализираат последипломските студии во Јапонија во област која што не е сродна со областа во која што ги завршиле своите додипломски студии.

Заинтересираните кандидатитреба да ги исполнуваат следните услови:

  1. да се државјани на Република Македонија;
  2. да не се постари од 35 години во времето на отпочнување на престојот во Јапонија;
  3. да имаат стекнато универзитетска диплома, или да се пред завршување на студиите (да дипломираат до март или септември 2018 година);
  4. да бараат усовршување во својата или сродна научна област;
  5. да се согласни да го изучуваат јапонскиот јазик.

Стипендијата вклучува:

  1. месечен надоместок: 143000-145000 јапонски јени;
  2. авионски билет (Македонија –Јапонија-Македонија);
  3. школарина.

Потребни документи за конкурирањево првата фаза:

Пријава

         Пополнета апликација и две (2) оригинални фотографии (4, 5 x 3, 5 см);

         Област на студии и Програма за планот на истражување

         Уверение за положените испити со оцени и просечен успех (оригинал или фотокопија заверена на нотар) и негов превод на англиски јазик од овластен судски преведувач;

         Диплома за завршен факултет (или потврда издадена од факултетот дека кандидатот ќе дипломира до март или сeптември 2018 година - оригинал или фотокопија заверена на нотар) и нејзин превод на англиски јазик од овластен судски преведувач;

         Препорака од декан или универзитетски професор на англиски јазик (слободен формат или на терк достапен на веб страницата на МОН);

         Абстракт од тезите на англиски јазик (ако кандидатот ги има);

         Препорака од работодавецот на англиски јазик (за кандидатите кои се вработени);

         За кандидати од областа на уметноста или музиката: фотографија на лично изработено дело или снимено музичко дело на ЦД.

Сите документи се поднесуваат во  3 примероци (1 оригинал и 2 обични фотокопии) во архивата на Министерството за образование и наука (поранешна зграда на Нова Македонија – приземје) или по пошта на адреса: Министерство за образование и наука, Сектор за наука и иновации, ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје.

Потребните документи за поднесување на кандидатитурите, како и подетални информации може да се најдат тука.

Лице за контакт: Јулијана Балевска, Сектор за наука и иновации, e-mailОваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. тел+389 2 3140 186.

Краен рок за пријавување: 31 мај 2017 година

ministerka-slika-mk

Министер за образование и наука

zamenik-mk

Заменик Министер за образование и наука 

 

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo

strategija-prepriemachko

SDIS v2

 

 

horizontal mk

 

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 Untitled-Banner 1

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook