Врз основа на член 24-а од Законот за средното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр.44/95, 24/96, 34/96, 35/97, 82/99, 29/02, 40/03, 42/03, 67/04, 55/05, 113/05, 35/06, 37/07, 49/07, 81/08, 92/08, 33/10, 116/10, 156/10, 118/11, 51/11, 6/12, 100/12, 24/13, 41/14, 135/14, 10/15, 98/15, 145/15, 30/16 и 127/16) и Правилникот за начинот и поблиските критериуми на организирање и изведување на натпреварите на учениците по одделени предмети на општинско, регионално и државно ниво во средното образование бр. 19-2249/1 од 05.03.2013 година и бр.20-2928/1 oд 02.03.2017 година, Министерството за образование и наука објавува


К О Н К У Р С
за акредитација на здруженија на наставници кои организираат натпревари на ученици од средните училишта 

 

На овој конкурс право на учество имаат здруженијата на наставници кои се регистрирани како здруженија најмалку три години до денот кога поднесуваат пријава за организирање на натпреварите.

Со поднесувањето на Образецот на барањето за акредитација на здруженија на наставници за организирање на натпревари на учениците во средните училишта (образецот може да се симне тука), здруженијата на наставници треба да достават:

1. документ за регистрирана дејност од Централен регистар на Република Македонија,
2. тековна состојба на здружението на наставници издадена од Централен регистар на Република Македонија,
3. биланс на состојба и биланс на успех на здружението на наставници издадени од Централен регистар на Република Македонија,
4. статут на здружението на наставници,
5. правилник за организирање на натпреварите на здружението на наставници,
6. тригодишен календар за спроведување на натпреварите за учениците во средните училишта во кои ќе бидат содржани наставните предмети, временскиот период за реализација на натпреварите и одговорните наставници кои ќе бидат вклучени во организацијата и реализацијата на секој од натпреварите.


Заинтересираните здруженија чија документација ќе биде некомплетна или ненавремено доставена нема да бидат земени во предвид во процесот на понатамошно разгледување и акредитирање.

За организирање на натпреварите се акредитира по едно здружение на наставници или Сојуз на здруженија по одделен наставен предмет, односно област за период од три години сметано од датумот на издавање на Решението за акредитација.

Избраните здруженија на наставници, односно сојузи на здруженија со правилник за организирање на натпреварите ќе го уредат начинот на организацијата, како и натпреварите на учениците да ги организира преку наставници што изведуваат настава по одделен наставен предмет, сроден предмет или област, како и да обезбеди организирање натпревари на целата територија на Република Македонија на сите наставни јазици, со исклучок на натпреварите по албански јазик и литература и турски јазик литература.

Право на учество на овој Конкурс имаат Здруженијата на наставници и Сојузите на здруженија на наставници кои немаат добиено кредитација за следните општообразовни наставни предмети за гимназиско и стручно образование:

- Македонски јазик и литература;
- Албански јазик и литература;
- Турски јазик и литература;
- Математика;
- Англиски јазик;
- Француски јазик;
- Германски јазик;
- Руски јазик;
- Италијански јазик;
- Класични јазици;
- Биологија;
- Хемија;
- Физика;
- Географија;
- Историја;
- Социологија;
- Филозофија;
- Бизнис и претприемништво;
- Бизнис;
- Информатика;
- Спорт и спортски активности;
- Ликовна уметност;
- Музичка уметност/култура;
- Педагогија;
- Психологија;
- Вовед во право;
- Менаџмент;
- Логика;
- Етика;
- Економија;
- Граѓанско образование.

Стручните предмети од следните струки:

- градежно - геодетска струка;
- графичка струка;
- економска – правна и трговска струка;
- електротехничка струка;
- здравствена струка;
- земјоделско – ветеринарна струка;
- струка лични услуги;
- машинска струка;
- сообраќајна струка;
- текстилна – кожарска струка;
- угостителска - туристичка струка и
- шумарско –дрвопреработувачка струка.

Како и за стручните предмети од уметничко образование.
Потребната документација се доставува во рок од 15 дена од денот на објавувањето на овој Конкурс во писарницата на Министерство за образование и наука, ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.54 Скопје.

 

ministerka-slika-mk

Министер за образование и наука

zamenik-mk

Заменик Министер за образование и наука 

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo

strategija-prepriemachko

SDIS v2

 

 

horizontal mk

 

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 Untitled-Banner 1

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook