Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Македонија“ бр.58/00, 44/02, 82/08, 167/10 и 51/11), член 49, од Законот за студентски стандард („Службен весник на Република Македонија“ бр. 15/13, 30/13, 120/13,41/14 , 146/15, 30/16 и 178/16 ) и Правилникот за видот на студентските стипендии и начинот на доделување на студентските стипендии на студенти кои студираат во странство („Службен весник на Република Македонија“ бр. 220/16), Министерството за образование и наука распишува

 

Конкурс за доделување на стипендии за прв циклус додипломски студии од областа на филмската уметност на Film Academy of Performing Arts (FAMU) во Прага, Република Чешка за академската 2017/2018 година


Министерството за образование и наука за академската 2017/2018 година ќе додели 2 (две) стипендии на додипломски студии од прв циклус од областа на филмската уметност, која е од посебно научно, образовно значење за Република Македонија на Film Academy of Performing Arts (FAMU) во Прага, Република Чешка.

I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА

Право на стипендија има кандидатот кој ги исполнува следните услови:

1. да завршил средно образование и/или да има запишано IV година средно образование;
2. да биде прифатен од избраната високообразовна установа - FAMU;
3. да не е корисник на стипендија од друг даватели;
4. да е државјанин на Република Македонија;
5. да го познава англискиот јазик, односно јазикот на кој се изведува наставата.

II. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

Кандидатите, кои се пријавиле по конкурсот, потребно е да ги достават следните документи:

Пријава;
• Свидетелствата за завршени I, II, III и IV година на средно образование и/или потврда за запишана IV година (заверени на нотар). Доколку кандидатот завршен средно образование во странство да се достави доказ за извршена нострификација на завршеното средно образование од страна на Министерството за образование и наука;
• Писмо за прифаќање (Letter of acceptance) од FAMU;
• Своерачно потпишана изјава дека кандидатот не е корисник на стипендија за додипломски студии од прв циклус од други даватели (заверена на нотар);
• Мотивациско писмо;
• Потврда за познавање на англиски јазик, односно јазикот на кој се изведува наставата;
• Уверение за државјанство на Република Македонија.

Документите кои се издаваат од институции од другите земји потребно е да бидат преведени на македонски јазик од соодветен овластен судски преведувач.
Потребните документи за доделување на стипендиите за додипломските студии од прв циклус може да се доставуваат во оригинал или копии заверени на нотар.
Уверението за државјанство на Република Македонија, Министерството за образование и наука по службена должност го обезбедува од надлежниот јавен орган, согласно член 49, став 7 од Законот за студенсткиот стандард.
Некомплетната и документацијата доставена со задоцнување нема да се разгледува.

III. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА

На корисникот на стипендија му се надоместуваат трошоците за уписнина во висина од најмногу 40.000 американски долари годишно, исплатени во соодветна валута, според средниот курс на Народна банка на Република Македонија на денот на објавувањето на Kонкурсот и месечната стипендија се исплаќа согласно Решението за утврдување на начинот на пресметка на трошоците за месечна стипендија на студенти кои студираат во странство (врз основа на Листата на индекси на малопродажни цени за животни трошоци, која е објавена од надлежните органи на Организацијата на Обединетите Нации) бр. 14-17211/1 од 29.12.2016 година.
Секој износ над горенаведената сума за уписнина е на товар на студентот.

IV. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Рок на доставување на документите до Министерството за образование и наука: 15.08.2017 година.

Документите да се достават по пошта или во писарницата на адреса: Министерство за образование и наука ул.„Св. Кирил и Методиј” бр. 54 (Зграда на Нова Македонија), 1000 Скопје (со назнака “Стипендии за студии во странство од прв циклус ФАМУ”)
Основен критериум за добивање на стипендијата е пријавата на кандидатот да биде прифатена од Film Academy of Performing Arts (FAMU) во Прага, Република Чешка.

Информации за условите и критериумите под кои ќе се доделуваат стипендиите можат да се добијат во Министерството за образование и наука или на телефон (00389-02) 3227-761, Биљана Зафировска, e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

ministerka-slika-mk

Министер за образование и наука

zamenik-mk

Заменик Министер за образование и наука 

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo

strategija-prepriemachko

SDIS v2

 

 

horizontal mk

 

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 Untitled-Banner 1

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook