Врз основа на Законот за научно-истражувачка дејност (Службен весник на Република Македонија бр. 46/08, 103/08, 24/11, 80/12, 24/13, 147/13, 41/14, 145/14, 154/15, 30/16 и 53/16) и членот 6 од Протоколот од четвртото заседание на Заедничката комисија за научна и технолошка соработка меѓу Република Македонија и Народна Република Кина, Министерството за образование и наука распишува

 

Конкурс за кофинансирање на заеднички македонско – кинески
научно-истражувачки проекти за периодот 2018 – 2019 година

 


Краен рок за поднесување на предлози: 15.03.2017 година

 

     

Право на конкурирање

Државните универзитети во нивните единици насочени кон наука  (научни институти) и  во единици насочени кон образование засновано на наука (факултети), јавните научни установи, мешовити научни установи, приватни високообразовни установи, приватни научни установи, самостојни  истражувачи, МАНУ и научни центри  на извонредност.

Услови за учество

- Истражувачкиот тим на научноистражувачкиот проект треба да е составен од главен истражувач, со научно односно наставно-научно звање кој е вработен во установата носител на проектот и најмалку уште еден истражувач со научно или наставно-научно звање, евидентирани во базите на податоци за научни истражувачи на Министерството за образование и наука, како и најмалку два млади истражувачи, од кои еден активен постдипломец или докторант.

- Еден истражувач може да биде главен истражувач на само еден домашен и на само еден меѓународен научноистражувачки проект финансирани или кофинансирани од страна на Министерството за образование и наука, и.

- други услови, согласно постојната законска регулатива

Научни области

-       Информатички науки и  технологии;

-       Енергија (обновлива енергија и енергетска ефикасност)

-       Земјоделство, храна и биотехнологија;

-       Генетски истражувања;

-       Заштита на животната средина;

-       Нови материјали и технологии;

-       Сеизмологија и земјотресно инженерство;

-               

Времетраење на проектите

1 јануари 2018 до 31 декември 2019 година

Краен рок за поднесување на предлозите

15.03.2017 година

Начин на финансирање

Решението за висина на средства за реализација на прифатените билатерални проекти, го донесува Министерот за образование и наука, врз основа на финансискиот план на Министерството, за 2018 година

Поднесување на  предлозите

Предлози за проекти од сите научни области  се поднесуваат  во три  примероци  на пропишани обрасци  од страна  на Министерството за образование и наука.

Обрасците  за поднесување  на предлози за проекти се составен дел  на овој Конкурс. Подетални информации може да се добијат во Министерството на тел.  (02)  3140 185 или  на  e-mail:olga.dukovska@mon.gov.mk, Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Kритериуми за оценување на предлозите

Предлози за проекти ќе се рецензираат од рецензенти пријавени на Јавниот оглас за избор на резенценти врз основа на следните критериуми содржани во оценувачкиот лист ОЛ-1:

·          придонес во продлабочување и проширување на научните знаења,

·          оригиналност на целите и содржината на  истражувањето,

·          компетентност на главниот  истражувач и предложениот истражувачки

           тим,

·          придонес во оспособување на млади истражувачи,

·          релевантност на проектот на целите на истражување,

·          релевантност за примена на резултатите во практиката,

·          конкуретност за меѓународна соработка,

·          остварливост на предлог проектот (финансиска конструкција), и

·          можности за примена на резултатите.

Носителот на научно-истражувачкиот проект ќе биде известен за резултатите од конкурсот после состанокот на Заедничката  македонско – кинескакомисија, во текот на втората половина на 2017 година.  

Предлозите се поднесуваат истовремено во двете земји на заедничкиот образец на англиски јазик. Во дополнение, македонската страна до Министерството за образование и наука предлогот го поднесува и  на обрасците ОБ-1.

Поднесените предлози само во една земја нема да бидат разгледувани.

Завршен извештај

Завршниот извештај треба да се поднесе во рок од три месеци од датумот  на завршувањето на проектот (најкасно до  крајот на март 2020 година).

 

Адреса  на институцијата во Македонија за понесување на предлозите

Адреса  на институцијата во Народна Република Кина за понесување на предлозите

Министерство за образование и наука

Сектор за  наука и технолошки развој

Ул. Кирил и Методиј бр.54

1000 Скопје

Тел: (02)   3140 185

Fax:      (02)  3118 414, 3118 630

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.,mk

           Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Internet:  www.mon.gov.mk

Ministry of Science and Technology of the People´s Republic of China, Mrs. Sun Xueping
15B, Fuxing Road, Beijing,

100862, P.R. China

Tel.+ 86-10-58881370

Fax + 86-10- 58881374
Email:
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Website:
www.most.gov.cn

 

За симнување: 

Sino- Macedonian Project Application Form
ОБ-1, Пријава за финансирање на научно-истражувачки проект

 

 

minister-sajt-mk

Министер за образование и наука

spiro ristovski w2

Заменик министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo

strategija-prepriemachko

SDIS v2

 

 

horizontal mk

 

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 Untitled-Banner 1

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook