Врз основа на член 50 од Законот за научно-истражувачката дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 46/2008, 103/2008, 24/2011, 80/2012, 24/2013, 147/2013, 41/2014, 145/2015, 154/15, 30/2016 и 53/2016), член 3 од Правилникот за начинот на финансирање на организација на научни собири и учество на домашни научни истражувачи на меѓународни научни собири и студиски престои во странство („Службен весник на Република Македонија“ бр. 51/2013) Министерството за образование и наука распишува:

К О Н К У Р С
за распределба на средства за финансирање на организација на научни собири за 2017 година

1. Министерството за образование и наука со овој конкурс распределува средства за организација на научни собири во 2017 година. 

2. Организацијата на научните собири се финансира по доставување на следнава документација:

 пополнета пријава 
 одлука од организаторот за одржување на научен собир;
 одлука за печатење на зборникот на трудови од научниот собир 
 програма за работа на научниот собир.

3. Организаторот на научниот собир е должен да ја достави бараната документација согласно точка 2 од овој конкурс.

4. Право на доделување на финансиски средства за организација на научни собири имаат државните универзитети и приватните универзитети - во нивните единици насочени кон наука (научни институти) и во единиците насочени кон образование засновано на наука (факултети), Македонската академија на науките и уметностите, самостојни државни високообразовни установи, самостојни приватни високообразовни установи, јавни научни установи, мешовитите научни установи, приватни научни установи и самостојни истражувачи, по пат на јавен конкурс.

5. Средствата кои се доделуваат за организација на научни собири се пресметуваат во зависност од бројот на учесниците на научниот собир и расположливите средства на Министерството за образование и наука за тековната година.

6. Државните универзитети и приватните универзитети - во нивните единици насочени кон наука (начни институти) и во единиците насочени кон образование засновано на наука (факултети),Македонската академија на науките и уметностите, самостојни државни високообразовни установи, самостојни приватни високообразовни установи, јавни научни установи, мешовитите научни установи, приватни научни установи и самостојни истражувачи, пријавите и документите наведени во точка 2 ги доставуваат на следната адреса или во архивата на:

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
Сектор за наука и иновации
бул. „Кирил и Методиј“ бр. 54
1000 Скопје

7. Конкурсот започнува од 20.01.2017 и ќе трае заклучно со 20.11.2017 година.

Дополнителни информации за конкурсот можат да се добијат во Министерството за образование и наука на Република Македонија, лица за контакт:

Живко Колчакоски канцеларија број 1406 или на мобилен телефон 076-485-046 и
Катерина Стефковска канцеларија број 1406 или на мобилен телефон 076-485-047

ministerka-slika-mk

Министер за образование и наука

zamenik-mk

Заменик Министер за образование и наука 

 

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo

strategija-prepriemachko

SDIS v2

 

 

horizontal mk

 

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 Untitled-Banner 1

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook