Врз основа на член 50 од Законот за научно-истражувачката дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 46/2008, 103/2008, 24/2011, 80/2012, 24/2013, 147/2013, 41/2014, 145/2015, 154/2015 ,30/2016 и  53/2016 ), член 7 од Правилникот за начинот на финансирање на организација на научни собири и учество на домашни научни истражувачи на меѓународни научни собири  и студиски престои во странство („Службен весник на Република Македонија“ бр. 51/2013) Министерството за образование и наука распишува:

К  О  Н  К  У  Р  С

за распределба на средства за учество на домашни научни истражувачи на меѓународни научни собири во 2017 година

1. Министерството за образование и наука со овој конкурс распределува средства за учество на домашни научни истражувачи  на  меѓународни научни собири во 2017 година.  

2. Учество на домашни научни истражувачи  на  меѓународни  научни собири  се финансира по доставување на следнава документација:

пополнета пријава 

доказ дека е трудот прифатен за усна или писмена (постер) презентација од организаторот на меѓународниот научен собир;

согласност од установата каде што е вработен кандидатот за учество на меѓународниот научниот собир;

потврда за висината на патните трошоци;

потврда за висината на котизацијата и

абстракт од научниот труд. 

3. Научниот истражувач е должен да ја достави бараната документација согласно точка 2 од овој конкурс. 

4. Право на доделување на финансиски средства за учество на домашни научни истражувачи  на  меѓународни  научни собири имаат државните универзитети и приватните универзитети - во нивните единици насочени кон наука (начни институти) и во единиците насочени кон образование засновано на наука (факултети), Македонската академија на науките и уметностите, самостојни државни високообразовни установи, самостојни приватни високообразовни установи, јавни научни установи, мешовитите научни установи, приватни научни  установи и самостојни истражувачи, по пат на јавен конкурс.

5. Средствата кои се доделуваат за учество на домашни научни истражувачи  на  меѓународни  научни собири  се доделуваат во согласност со расположливите средства на Министерството за образование и наука за тековната година. 

6. Државните универзитети и приватните универзитети - во нивните единици насочени кон наука (начни институти) и во единиците насочени кон образование засновано на наука (факултети),Македонската академија на науките и уметностите, самостојни државни високообразовни установи, самостојни приватни високообразовни установи, јавни научни установи, мешовитите научни установи, приватни научни  установи и самостојни истражувачи, пријавите и документите наведени во точка 2 ги доставуваат на следната адреса или во архивата на:

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА

Сектор за наука и иновации

бул. „Кирил и Методиј“ бр. 54

1000 Скопје

7. Конкурсот започнува од 20.01.2017 и ќе трае заклучно со 20.11.2017 година. 

Дополнителни информации за конкурсот можат да се добијат во Министерството за образование и наука на Република Македонија, лица за контакт:

Живко Колчакоски канцеларија број 1406 или на мобилен телефон 076-485-046 и

Катерина Стефковска канцеларија број 1406 или на мобилен телефон 076-485-047

ministerka-slika-mk

Министер за образование и наука

zamenik-mk

Заменик Министер за образование и наука 

 

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo

strategija-prepriemachko

SDIS v2

 

 

horizontal mk

 

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 Untitled-Banner 1

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook