ACES-logo-m

ACES – Academy of Central European Schools – act local

објавува Јавен повик

за учество на натревар за проекти за 2017 година на тема

„ Секоја личност е значајна. Заедно за социјална инклузија”

Министерството за образование и наука Ве известува дека Проектот ACES („Academy of Central European Schools“) на кој во последните 10 години активно учествуваа голем број на општински основни како и средните училишта од Република Македонија,од оваа година ја менува својата природа на натпревар.

Имено Aces – act local е нова програма за поддршка за заеднички проекти на училиштата и заедницата за справување со релевантните социјални предизвици во нивната околина. Во современиот свет еднаквиот третман на сите луѓе во општеството, како и постоењето на дискриминацијата и маргинализацијата по разни основи сè уште е предизвик кој треба да се надмине.

Повикот нуди конкретни можности за преземање акција од страна на учениците и наставниците од Централна и Југоисточна Европа, создавање на нови меѓусекторски партнерства со заедницата и зајакнување на чинителите, со цел да се постигне одржлив општествен развој.

Основните и средните училишта од Република Македонија се поканети да земат учество во натпреварот со заеднички проект на основа на партнерство и соработка на училиште со не-училишен партнер од нивната околина на максимално линеарно растојание до 50 км на национално ниво. Партнер во заедничкиот проект на тема „ Секоја личност е значајна. Заедно за социјална инклузија” може да биде на пример јавна установа или некој друг орган ( општината, библиотека,универзитет, давател на јавни услуги, невладини организации, фондации итн.).

Целна група на овој натпревар се сите јавни основни и средни училишта од сите 15 партнерски земји меѓу кои е и Република Македонија, со ученици на возраст од 13 до 17 години, а работен јазик ќе биде англискиот јазик.

Краен рок за аплицирање со Ваш проект е 28 февруари 2017 година на www.act-local.aces.or.at. Поради новиот концепт на ACES-act local, учесниците пред да аплицираат со своите проекти, ќе биде потребно истите во пишана форма да ги достават до Министерството за образование и наука на разгледување и добивање на одобрение најдоцна до 6 февруари 2017 година и по добивање на одобрение ќе можат да аплицираат на горенаведената интернет страница најдоцна до 28 февруари 2017 година.

Меѓународно жири ќе ги оцени и избере најдобрите апликации и истите ќе бидат поддржани со финансиски средства од 800 евра, за реализација на проектот.

Дополнителни информации, брошура со правилата за начинот на учество, дополнителни материјални како и on line апликацијата се достапни на www.act-local.aces.or.at.

Aces act local e инициран од страна на ЕРСТЕ Фондацијата (Виена, Австрија) и е координирана од страна на Interkulturelle Zentrum (Виена, Австрија) во соработка со Nadácia Slovenskej sporitel'ne (Братислава, Словачка).

Во случај да имате било какви дополнителни прашања, Ве молиме обратетен се во Interkulturelles Zentrum: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., T: +43 (0) 1 586 75 44-43  или на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. , тел.02/3123-051

ACES Logobar

ministerka-slika-mk

Министер за образование и наука

zamenik-mk

Заменик Министер за образование и наука 

 

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo

strategija-prepriemachko

SDIS v2

 

 

horizontal mk

 

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 Untitled-Banner 1

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook