Врз основа на член 3 од Протоколот меѓу Министерството за образование и наука на Република Македонија и Министерството за образование, наука и спорт на Република Словенија, за соработка во областа на образованието, потпишан на 23 февруари 2016 година во Љубљана, Министерството за образование и наука на Република Македонија распишува

 

К О Н К У Р С

за доделување на стипендии за изучување на словенечки јазик и студиско усовршување во Република Словенија за академската 2017/2018 година

 

1. Три (3) едносеместрални стипендии (секоја по четири месеци) за студенти по словенечки јазик од Република Македонија;

2. Дваесет и четири (24) месечни стипендии за студиско усовршување на високообразовните установи во Република Словенија, со поединечно траење од 3-6 месеци, за кандидати до 26 годишна возраст.

3.  Две (2) стипендии со траење од две седмици, за посета на летниот курс по словенечки јазик за студенти по словенечки јазик од Република Македонија.

Потребна документација за пријавување:

1.Образец за пријавување;

2.Копија од диплома или заверен препис на нотар;

3.Копија од пасош (со страната на фотографија):

4.Оригинална потврда потпишана и заверена од страна на словенечка високообразовна установа за прием на студенти за размена;

5.Една препорака од страна на домашната установа за размена на студенти; 

6.Две препораки од страна на домашната установа за размени за истражување на докторски студии.

Kандидатите потребно е да ги пополнат и обрасците кои може да се обезбедат на следниот линк:

http://eng.cmepius.si/programmes/bilateral-scholarships/

Пополнетите обрасци, заедно со потребната документација, во три примероци, се доставуваат до Министерството за образование и наука, ул. Кирил и Методиј, бр. 54, Скопје.

Краен рок за пријавување е 28 февруари 2017 година.

Подетални информации можат да се добијат во Министерството за образование и наука, ул. Кирил и Методиј, бр. 54, Скопје, тел. 076 485 044, лице за контакт Билјана Василеска. 

minister-sajt-mk

Министер за образование и наука

spiro ristovski w2

Заменик министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo

strategija-prepriemachko

SDIS v2

 

 

horizontal mk

 

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 Untitled-Banner 1

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook