ОДБОРОТ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДАТА “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ”
распишува

К О Н К У Р С
ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДАТА “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” ВО 2017 ГОДИНА

Со наградата “Гоце Делчев” се оддава општествено признание за особено значајно остварување во сите области од науката од интерес на Република Македонија.

Наградата во 2017 година се доделува за научна книга или дело објавено во 2016 година.

Наградата под услови определени со Законoт за државните награди (“Службен весник на Република Македонија” бр. 52/2006, 54/07 и 74/12) и со овој конкурс се доделува на поединци или на група автори од земјата или од странство.

Право на конкурирање имаат дела од еден автор или група автори што се одделно објавени, рецензирани и каталогизирани.За датумот на објавувањето се смета датумот што е објавен во каталогизацијата на публикацијата (ЦИП). Право на конкурирање немаат остварувања објавени во стручни и научни списанија со импакт фактор, како и поглавја или делови од книги.

Поединец или група автори може да биде добитник на награда во истата област само еднаш.
Член од група автори може како поединец да биде добитник на наградата за друга книга или дело во истата област.

Предлози за доделување на наградата можат да поднесат: Македонската академија на науките и уметностите, универзитетите, научните установи, истражувачко – развојните единици во стопанството, научни и стручни здруженија, други здруженија на граѓани и граѓани.

Предлогот за доделување на наградата треба да биде образложен и да содржи : лични податоци за авторите, адреса на живеење, библиографски податоци и кратко образложение за значењето на остварувањето кое се предлага за наградата. Предлозите за научна книга или дело објавени на други јазици треба да содржат кратко резиме на македонски јазик до 3 страни и содржина на македонски јазик до 5 страни.

Предлогот за доделување на наградата треба да биде приложен во 22 примероци. Кон предлогот треба да бидат приложени најмалку 3 оригинални примероци од научната книга односно дело, а останатите 10 во хартиена копија.

Предлозите за доделување на наградата треба бидат поднесени од 01.01. 2017 до 15. 02. 2017 година на адреса:

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
Одбор за доделување на наградата “Гоце Делчев”
1000 Скопје,“Kирил и Методиј” бр. 54

Некомплетните предлози и предлозите кои не се доставени во определениот рок нема да бидат разгледувани.

minister-sajt-mk

Министер за образование и наука

spiro ristovski w2

Заменик министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo

strategija-prepriemachko

SDIS v2

 

 

horizontal mk

 

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 Untitled-Banner 1

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

КОНКУРС

за стипендии за студиски престој во земјите членки на CEEPUS Програмата

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook