Врз основа на член 67 од Закон за средното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 44/1995, 24/1996, 34/1996, 35/1997, 82/1999, 29/2002, 40/2003, 42/2003, 67/2004, 55/2005, 113/2005, 35/2006, 30/2007, 49/2007, 81/2008, 92/2008, 33/2010, 116/2010, 156/2010, 18/2011, 42/2011, 51/2011, 6/2012, 100/2012, 24/2013, 41/2014, 116/2014, 135/2014, 10/2015, 98/2015, 145/2015, 30/2016 и 127/2016) и член 85 од Закон за основното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 103/2008, 33/2010, 116/2010, 156/2010, 18/2011, 42/2011, 51/2011, 6/2012, 100/2012, 24/2013, 41/2014, 116/2014, 135/2014, 10/2015, 98/2015, 145/2015, 30/2016 и 127/16), Министерството за образование и наука - Педагошка служба ул. ,,Св.Кирил и Методиј“ бр.54-Скопје, објавува

ЈАВЕН ПОВИК
за прибирање на барања од заинтересирани правни лица кои ќе ангажираат лиценцирани стручни лица од независна акредитирана професионална институција за спроведување на проценка на карактеристиките за подобност за работа со деца и адолесценти во воспитно-образовната дејност на наставници-приправници во основните и средните училишта во Република Македонија


Предмет на јавниот повик:

1) Доставување на барање од заинтересирани правни лица кои ќе ангажираат лиценцирани стручни лица од независна акредитирана професионална институција за спроведување на проценка на карактеристиките за подобност за работа со деца и адолесценти во воспитно-образовната дејност (во натамошниот текст: процена на карактеристиките) на над 400 наставници - приправници од основните и средните училишта пријавени во есенскиот испитен рок во 2016 година.

2) Барање може да поднесе правно лице кое ќе ангажира лиценцирани стручни лица од независна акредитирана професионална институција.

Давател на правото:
Министерство за образование и наука - Педагошка служба, со седиште на бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54 , Скопје;

Барател:

• За спроведување на процена на карактеристиките за наставници-приправници во основните и средните училишта пријавени во есенскиот испитен рок во 2016 година, може да учествува правно лице кое ќе ангажира лиценцирани стручни лица од независна акредитирана професионална институција што ќе ги исполни следните услови:
• да поседува “он лајн“ апликација за спроведување на процена на психолошки тест.
• да ангажира најмалку 1 (едно) лице психометричар избран во звање, со докажано искуство во реализирање на психолошки тестирања и да поседува посебна лиценца за образование издадена од независна акредитирана професионална институција.
• да ангажира минимум 3 лиценцирани стручни лица од независна акредитирана професионална институција.
• да обезбеди простории каде што ќе се врши тестирањето во Скопје, Битола и Штип (тестирањето не смее да се спроведува во државна институција)
• да поседува адаптиран и стандардизиран психолошки тест за процена на карактеристиките на личноста, кој ќе биде преведен на 4 јазици и тоа на македонски, албански, турски и српски.
(Тестот што ќе се користи треба да биде меѓународно признат психолошки тест базиран на петтофакторски модел на личност, адаптиран и стандардизиран за користење во Република Македонија. Тестот што ќе се користи ќе овозможи проценка на карактеристиките за подобност за работа со деца и адолесценти во воспитно-образовната дејност).
• да поседува резултати (во наративна форма, преку табеларни и графички прикази во кој се образложени дадените спецификации во „спецификација на тестот“ од спроведено пилот истражување кои ги докажува метриските карактеристики на стандардизираниот тест што ќе се користи за процена на карактеристиките за подобност за работа со деца и адолесценти во воспитно-образовната дејност. Пилот истражување да е спроведено во последните две години.
• да обезбеди заштита и тајност на податоците за тестираните кандидати во законски пропишан временски рок.
Кон барањето правното лице задолжително приложува:
• Изјава дека поседува “он лајн“ апликација за спроведување психолошки тест која што ќе биде хостирана во систем сала на Економскиот оператор и кој за целото времетраење на договорот ќе ги почитува меѓународните стандарди за информациска безбедност (ISO 27001) што подразбира безбедност на сите информации, информациски системи и информациски средства вклучувајќи објекти, податоци, софтвер, печатени документи и слично.
• Изјава и валиден документ од релевантна институција, одноcно:
а) Изјава дека економскиот оператор ќе ангажира најмалку 1 (едно) лице психометричар (со наведување на име и презиме на лицето како и потесното подрачје на професионално делување) со докажано искуство во реализирање на психолошки тестирања.Економскиот оператор во изјавата да приложи листа на употребени психолошки тестови (најмалку пет) од страна на психометричарот (со наведување на целите на примената и местото каде се употребени - научни списанија, научни трудови итн.).

Покрај изјавата потребно е да се достават CV-и за ангажирано стручно лице (психометричар), како и да се приложи Договор за соработка со ангажираното лице (психометричар) во кој покрај останатото ќе постои клаузула дека за времетраењето на проектот ангажираното лице (психометричар) ќе биде постојано на располагање за времетраење на јавниот повик

б) Валиден документ од релевантен орган од високобразовна институција со кој се потврдува звањето психометричар на лицето кое ќе биде ангажирано.

в) Валиден документ од релевантна институција задолжена за давање не лиценци со кој се потврдува посебната лиценца за вршење на дејност на лицето кое ќе биде ангажирано како психометричар.

• Eкономскиот оператор условот за ангажирање минимум 3 лиценцирани стручни лица (психолози) од независна акредитирана професионална институција го докажува со доставување на:
а) Изјава дека економскиот оператор ќе ангажира 3 стручни лица (психолози) со искуство во задавање на психолошки тестови (да се наведе име и презиме на лицата како и потесното подрачје на професионално делување).
б) економскиот оператор да приложи валиден документ со кој се докажува поседување на посебна лиценца за секое ангажирано стручно лице (психолози) од независна акредитирана професионална институција (нотаризирана). Покрај изјавата потребно е да се достават CV-и за секое ангажирано стручно лице -психолог
• Изјава дека може да обезбеди простории во кои ќе се врши тестирањето во Скопје, Битола и Штип
• Во однос на стандардизираниот психолошки тест економскиот оператор треба да достави:

а) Копија од стандардизиран психолошки тест за мерење на карактеристиките на личноста кој ќе биде преведен на 4 јазици и тоа на македонски, албански, турски и српски. (Да се достави по една копија од стандардизиран психолошки тест за мерење на карактеристиките на личноста на сите четири јазици).
б) да достави стручна анализа од спроведено пилот истражување на целната популација за која се спроведува психолошкото тестирање. Стручната анализа треба да содржи релевантни податоци за метриските карактеристики на психолошкиот тест, опис на мостра на која е спроведено пилот истражувањето, профил на наставници со различно ниво на подобност за работа со деца и адолесценти.
• Изјава за заштита и тајност на податоците за тестираните на кандидати во процесот на процена на карактеристиките
• Понуда за надомест кој за извршената услуга ќе го уплаќа кандидатот
• Потврда од надлежен суд дека не е отворена постапка за стечај. Потврдата да не е постара од шест месеци од денот на издавањето и да се достави во оригинал или копија заверена кај нотар и
• Потврда од Централен регистар на Република Македонија дека не е поведена постапка за ликвидација. Потврдата да не е постара од шест месеци од денот на издавањето и да се достави во оригинал или копија заверена кај нотар.

Спецификација на тестот

а) Примена на психолошки тест/ови на личност кој се базирани на меѓународно прифатениот Five Factor (петофакторскиот) модел за карактеристики и особини на личноста. Тестовите треба да можат да бидат администрирани компјутерски или на хартија.
б) Психолошкиoт тест на личност што се приложува треба претходно да ги има исполнето следните услови :
• Тестот треба да биде веќе преведен на целниот јазик/ци користејќи пристап на едноставно или на вратено преведување;
• Треба да биде проверена културалната прилагоденост
• Треба да биде спроведено пилот-истражување последните две години на прелиминарната верзија на адаптираниот тест (на целните јазици: македонски и албански). Постапката за пилот-истражувањето и стандардизацијата на психолошките тестови треба да ја спроведе стручно лице (исклучиво лице со звање психометричар со повеќе годишно искуство во работа со психолошки тестови). Пилот истражувањето треба да биде спроведено на целната популација за која се спроведува психолошкото тестирање, односното мострата треба да ја сочинуваат исклучиво наставници од основни и средни училишта како и стручни соработници. Мострата треба да ја застапува јазичната припадност на целната популација.
• Треба да бидат проверени психометриските карактеристики на адаптираниот тест (релијабилноста, објективноста итн)

в) Со психолошкиот тест ќе се проверат особините на личноста потребни во успешното работење во воспитно – образовниот процес (како што се сферата на социјалната компетентност, оптимизмот, вклучителноста во социјалните текови, кооперативноста; сферата на емоционалност и емотивната зрелост и контрола. одговорноста, емпатијата итн.
г) Психолошкиот тест треба да биде обезбеден на четири јазици и тоа македонски, албански, турски и српски јазик.
д) Можност за приказ на дополнителни тестови кои би служеле за поткрепување, дополнување или објаснување на наодите од Психолошкиот тест (базиран на петофакторскиот модел на личност).
ѓ) Изготвување на извештај за карактеристиките за личност, особено јаките /слабите страни на кандидатите. Извештајот треба да содржи крајна проценка на карактеристиките кои зборуваат за подобност/неподобност на кандидатите за работа со деца и адолесценти во воспитно-образовниот процес.
е) Извештајот треба да биде доставен до Министерството за образование и наука-Педагошка служба во рок од 10 работни дена од денот на спроведувањето на тестирањето.
ж) Сите мислења се доверливи. Пополнетите тестови остануваат во сопственост на економскиот оператор. Министерството за образование и наука ќе добие само проценка за подобноста на личноста за работа со деца и адолесценти.
з) Операторот треба да достави финансиска понуда за услугата за спроведување на психолошко тестирање за карактеристиките на личноста (цена на секој тест поединечно), во која поединечна цена треба да е вклучено и изготвувањето на поединечниот извештај.
Економскиот оператор ќе го спроведува тестирањето предмет на Јавниот повик по претходно добиен налог од страна на Министерството за образование и наука како и изготвување на поединечен извештај за извршеното тестирање.
Финансискиот надоместок за услугите на економскиот оператор е на товар на крајниот корисник во износ кој го има одредено операторот во својата финансиска понуда.

Рок и начин на доставување на барањето:

Рокот за поднесување на барања за спроведување на процена на карактеристиките за наставници-приправници во основните и средните училишта пријавени во есенскиот испитен рок во 2016 година од заинтересираните правни лица кои ќе ангажираат лиценцирани стручни лица од независна акредитирана професионална институција, изнесува 5 дена, сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на јавниот повик.

Барањата кои ќе пристигнат по рокот за доставување ќе се сметаат како ненавремени и нема да бидат разгледувани.
Барањата кон кои не е приложена бараната потребна документација назначенa во јавниот повик, ќе се сметаат за некомплетни и нема да се разгледуваат.

Барањата треба да бидат доставени во затворено плико и можат да се достават преку пошта на адреса: Министерството за образование и наука бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, Скопје или да се предадат во архивата на Министерството за образование и наука (најдоцна до 16,30 часот, секој работен ден) со назанака за „Јавен повик за прибирање на барања од заинтересирани правни лица кои ќе ангажираат лиценцирани стручни лица од независна акредитирана професионална институција за спроведување на проценка на карактеристиките за подобност за работа со деца и адолесценти во воспитно-образовната дејност на наставници-приправници во основните и средните училишта во Република Македонија “.

Критериуми за избор за давање на право:
Министерство за образование и наука, преку овластена комисија од страна на министерот, од пристигнатите барања кои ги исполнуваат условите и начинот на доставување на барањето предвидени во овој Јавен повик ќе изврши рангирање на барањата.

Во случај да се достават две или повеќе барања кои ги исполнуваат предвидените услови во овој Јавен повик за спроведување на процена на карактеристиките за над 400 наставници-приправници, во предност при давање право за вршење на процена на карактеристиките ќе има правно лице лиценцирани стручни лица од независна акредитирана професионална институција кое/ја има доставено барање со најниска цена.

ministerka-slika-mk-2

Министер за образование и наука

 

 

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo

strategija-prepriemachko

SDIS v2

 

mon_slika.jpg

 

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 Untitled-Banner 1

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook