Министерството за образование и наука согласно чл. 34в од Законот за основно образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 103/2008, 33/2010, 116/2010, 156/2010, 18/2011, 42/2011, 51/2011, 6/2012, 100/2012, 24/2013, 41/2014, 116/2014, 135/2014, 10/2015, 98/2015, 145/2015, 30/2016 и 127/16) и чл. 24в од Законот за средно образование(„Службен весник на Република Македонија“ бр. 44/1995, 24/1996, 34/1996, 35/1997, 82/1999, 29/2002, 40/2003, 42/2003, 67/2004, 55/2005, 113/2005, 35/2006, 30/2007, 49/2007, 81/2008, 92/2008, 33/2010, 116/2010, 156/2010, 18/2011, 42/2011, 51/2011, 6/2012, 100/2012, 24/2013, 41/2014, 116/2014, 135/2014, 10/2015, 98/2015, 145/2015, 30/2016 и 127/2016) објавува јавен повик за доделување парични средства (во понатамошниот текст „грант“) за организирање на активности во основните и средните училишта кои придонесуваат за развој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранцијата.


Активности за кои е наменет грантот: Заеднички наставни и воннаставни ученички активности кои придонесуваат за развој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранцијата кои се реализираат самостојно во училиште или во партнерство со друго училиште пропишани во чл. 34 став 2 од Законот за основно образование и чл. 24 став 2 од Законот за средно образование.

Време на реализација: Активностите поддржани од грантот треба да бидат планирани во Годишната програма за работа на училиштата и да се реализираат заклучно со крајот на наставната 2016/2017 година.

Максимален износ на грантот: до 30.000 денари
Во основните училишта ќе бидат одобрени грантови на највисоко-рангираните 60 училишта, додека во средните училишта ќе бидат одобрени грантови на највисоко-рангираните 20 училишта.

Учество на училиштето: Предуслов за одобрување на грантот е финансиско учество на училиштето од минимум 10% од вкупниот износ на грантот. Средствата можат да бидат обезбедени од страна на училиштето, општината, бизнис заедницата или родителите.

Забелешка: Испраќањето на апликацијата не подразбира автоматско одобрување на грантот. Некомплетните апликации и апликациите кои не ги задоволуваат критериумите за евалуација на апликации 8 и 9, нема да бидат земени предвид при изборот.

Дополнителните информации за подготовка на апликацијата можете да ги најдете во документот „Насоки за аплицирање за грант“.


Доставување на апликација:

Скенираната апликација за грант и писмо за поддршка , се испраќаат на адресата: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., најдоцна до 17 декември 2016 година.


Одобрување на апликации:

1. Евалуација на доставени апликации од страна на комисија формирана од Министерот за образование и наука, според долунаведените критериуми
2. Листата за избраните училишта за одобрен грант ќе биде објавена на страната на Министерство за образование и наука, најдоцна до 31 јануари 2017 година.


Планираните активности во апликацијата можат да започнат да се реализираат исклучиво по добиено решение за одобрен грант о д ст рана на МОН и отворена наменска сметка.

Критериуми за евалуација на апликации

План на активности
1. Планираните активности се согласно критериумите за заеднички ученички активности на МИО;
2. Целите се јасно дефинирани и остварливи;
3. Активностите овозможуваат интеракција и соработка меѓу учениците;
4. Активностите овозможуваат минимум три средби на учениците во текот на реализацијата на една активност;
5. Број на вклучени ученици во планираните активности;
6. Број на вклучени родители во планираните активности;
7. Одржливост на активности.

План на трошоци за грант
8. Планираните трошоци се наменски и согласно планот на активности;
План на трошоци за финансиско учество на училиштето
9. Обезбедени се минимум 10% финансиско учество на училиштето.

- Насоки за аплицирање

- Апликација за грант

- Писмо за поддршка

 

ministerka-slika-mk

Министер за образование и наука

zamenik-mk

Заменик Министер за образование и наука 

 

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo

strategija-prepriemachko

SDIS v2

 

 

horizontal mk

 

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 Untitled-Banner 1

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook